ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме

June 23, 2022 11:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Ѓорги Галетановски во Скопје, а и пошироко е познат како успешен менаџер. Галетановски беше директор на Зоолошката градина Скопје како дел од тимот на ексградоначалникот Петре Шилегов. По неговото доаѓање веднаш започна со нови проекти и за време на неговиот мандат Зоолошка градина Скопје стана најпосетувана иституција во земјава. Од декември минатата година Галетановски не е повеќе директор бидејќи самиот поднесе оставка.

ФРОНТЛАЈН: Кои проекти ги сметате за најуспешни во ЗОО градина додека Вие бевте директор?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Јас ја затекнав зоолошката каква што ја затекнав, малце заборавена од општествотo неисчистена 6, 7 години со езера неисчистени 13 години, со живеалишта стари нереновирани, со недоградени живеалишта за слонови и шимпанза, кои ми беа на почетокот најголем проблем. Изведувачите правеле недоправиле и мене ме назначуваат, а живеалиштата направени со грешки. Слоновите требаше веќе да пристигнат и видовме многу мака и вработените, а и фирмите кои помогнаа да ги доправиме. Среќа имавме многу спонзори, а и разбирање од тогашниот градоначалник Петре Шилегов, па сè се среди во краток рок.

Инаку кога влегов си зацртав дека прво мора да се исчисти цела ЗОО за што ми помогнаа и комунална хигиена и паркови и зеленила, а најмногу моите вработени. Потоа видов дека патеките околу се земјени немаше сервисни улици и итно ги асфалтиравме, па поставивме тоалети. Додека реновиравме живеалишта стапив во контакт со многу светски зоолошки и договаравме нови животни. Стигнаа слоновите, шимпанзата но во сред Зоолошка имаше едно оградено место со тараби кое ужасно ми пречеше и беше грдо. Седнав на состанок со мојот тим и решивме дека мора да направиме живеалиште за фламинга и пингвини.

Ангажиравме архитект и итно исцрта. Додека се градеа живеалиштата ние ги договоривме со Австрија и Италија птиците. Многу луѓе беа скептици и не веруваа но ние успеавме. Тие живеалишта се и денес најубави не само во Македонија  и пошироко. Инаку, горд сум и на адреналинското паркче, и на Бејби ЗОО најголемата детска атракција, и на Дино Паркот кој рушеше рекорди на посетеност.

ФРОНТЛАЈН: Можете ли да направите паралела, доколку имате сознанија, колкава е посетеноста сега и во времето кога Вие бевте директор?

ГАЛЕТАНОВСКИ: УФ, кога дојдов ‘ко да беше забораvена од државата. Не знам, точно но ние со мојот ПР тим направивме програма за секој викенд, детски претстави, концерти, едукативни евенти и растевме од викенд во викенд. Посетеноста ја кренавме можеби 300 отсто. Нè прогласија за најпосетена институција. Многу странски и домашни медиуми секој ден објавуваа. Дури и во време на ковид пандемијата ние имавме рекордна посетеност. А сега не би можел да знам, од она што го видов доста послабо е посетена.

ФРОНТЛАЈН: Дали забележавте позитивни или негативни промени во ЗОО градина по Вашето заминување? Доколку да, кои се тие?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Видете, јас си заминав со очекување дека идното раководство ќе продолжи да гради да спроведе она што го најавивме, ЗОО аквариум, паркови за деца и сл. Немаше многу филозофија, да се продолжи со ПР, да се донесат нови спонзори и да се оди напред. Но и спонзорите што беа, како да видов дека не се веќе, таму ништо ново нема. Ни животни нови, ни живеалишта. Среќа се породиле оние што ги донесовме. Единствено што ме радува е дека ја задржале хигиената и се грижат за тоа.

ФРОНТЛАЈН: Kако те прифатија вработените и дали ти недостасуваат?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Вработените во ЗОО Скопје не се обични луѓе. Тоа се луѓе полни со емпатија и искрена љубов, не можат да живеат без животните. Ме прифатија супер. Кога дојдов јас им кажав, овде не ме интересира ни политика, ни трачеви. Овде ќе работиме и живееме ко семејство и ќе си помагаме еден на друг. Така и функциониравме, ги засакав многу и ми фалат премногу.

ФРОНТЛАЈН: Што прави сега Галетановски? Дали би се вратил со работа во ноќниот живот и дали би прифатил повторно државна функција?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Сега Галетановски моментално одмoра, се дружи со пријателите, и не би се вратил во ноќниот живот, а фунцкија би прифатил само доколку сум потребен да помогнам за младите, општеството  и доколку државата има потреба од мене.

Мартина Ацковска

 

Next Post

Комисија за историски и образовни прашања: Текстот на БГНЕС е манипулативен, се шират многу лаги и дезинформации

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk