ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисија за историски и образовни прашања: Текстот на БГНЕС е манипулативен, се шират многу лаги и дезинформации

Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист, пишува во реакцијата на Комисијата.

June 23, 2022 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Северна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување.

Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека:

Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели.

Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел.  Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија.

Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата.

Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист.

На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија.Со почит,

 

Акад. Драги Ѓоргиев,

Проф. д-р Љупчо Ристески,

Проф. д-р Петар Тодоров,

Проф. д-р Исамедин Азизи,

Доц. д-р Љубица Спасковска,

Доц. д-р Огнен Вангелов

Писмото е пренесено во целост.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тренчевска: Соработката со граѓанските и меѓународните организации е клучна во создавањето на хуманитарен одговор во кризните состојби

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk