ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска-Гир: Продолжува заедничката заложба и реализација на проектите од кои придобивка имаат граѓаните

June 23, 2022 19:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, информира МИА.

Соговорниците, како што соопшти Министератвото за труд и социјална политика, разговарале на теми кои се во надлежност на министерството за труд и социјална политика, како и соработката на заеднички проекти, кои се од големо значење за граѓаните на Северна Македонија. Клучните теми биле во областа на родовата еднаквост, заштитата од дискриминација, вклученоста на Ромите во општеството, процесот на деинституционализација, детската заштита и младинската гаранција.

Министерката Тренчевска информирала дека по усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејно насилство минатата година Министерството работи на подзаконските акти, заедно со поддршка на УНФПА и граѓанскиот сектор, со цел целосна негова имплементација.

-Сведоци сме дека на социјалните мрежи во голема мера се шири говор на омраза и се позачестено е сајбер насилството. Тоа укажува дека мораме засилено со заеднички напори од сите институции чии надлежности го опфаќаат насилството и граѓанските организации, да делуваме уште поактивно, да ја зајакнеме заштитата на потенцијалните жртви, но и да ја подигнеме свеста дека насилството е недозволиво и казниво, рече Тренчевска.

Министерката информирала дека во подготовка е и новиот Закон за родова еднаквост, на кој работи работната група и се заблагодарила на поддршката од Делегацијата на ЕУ во земјава, која придонесува во изработката на новото законско решение преку TAEX инструментот со кој се обезбеди експертска поддршка и усогласување со меѓународните норми.

Тема на разговор биле и правата на ЛГБТИ заедницата во земјава, на што министерката ја истакнала заложбата на Министерството и заедничката соработка со граѓанскиот сектор во унапредување на нивните права.

Соговорниците разговарале и за процесот на деинституционализација при што било изразено задоволство од нејзината успешност. Во тој контекст, министерката посочила дека тоа е еден од најхуманите пристапи кои една држава може да го направи за лицата со попреченост. Притоа, таа информирала дека Министерството има обезбедено буџет и за следната година со цел продолжување на овој процес.

Една од темите на разговор била и вклученоста на Ромите во општеството. Министерката посочила дека Владата и Министерството вистински се залагаат за нивна поголема инклузија, а за тоа потврдуваат проектите кои се реализираат, како што се домувањето и вработувањето на Ромите и вклученоста на децата Роми во предучилишниот процес.

Соговорниците ја потенцирале и успешноста на мерката Гаранција за млади, за која Северна Македонија е земја лидер во регионот во нејзината реализација, а не е земја членка на ЕУ.

На средбата станало збор и за социјалното претприемништво, за кое што министерката ја посочила поддршката на Министерството за развојот на социјалните претпријатија во нашата држава и ја посочила соработката со Република Полска, чии што добри практики се од големо значење за нашата земја.

Соговорниците изразиле големо задоволство од досегашната соработка и продолжување на заедничките проекти на прашања кои се од големо значење за граѓаните на Северна Македонија.​

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Mаж од кичевско со секира ги нападнал родителите, таткото починал

May 11, 2025

Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

May 11, 2025

Анчелоти пред „Ел Класико“: Не би рекол дека Барселона е фаворит

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk