ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Фико: Северна Македонија и Италија имаат традиционално добри и пријателски билатерални односи

June 23, 2022 19:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска во рамки на официјалната посета на Република Италија се сретна со претседателот на италијанскиот Дом на пратеници Роберто Фико, јавува МИА.

-Се среќаваме повторно по неговата неодамнешна посета во Република Северна Македонија, што е јасен индикатор дека сме посветени на продлабочување на соработката и споделување на искуствата, што е особено важно за нашето Собрание, имајќи го предвид искуството на силниот италијански Парламент. Особено ме радува тоа што поводот за оваа работна посета е овој значаен чин на кој што бевте сведоци сите, односно, потпишувањето на Протоколот за парламентарна соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Домот на пратеници на Италијанската Република, со што отвораме ново поглавје во нашите билатерални односи и ја поставуваме основата кон понатамошни заеднички успеси и просперитет, изјавил Џафери по средбата.

За него кој е поборник на парламентарната дипломатија, како што нагласил, овој Протокол значи зајакната и продлабочена соработка меѓу двата парламента.

-Го уверив и почитуваниот Роберто Фико дека имплементација на Протоколот и координацијата на активностите според Протоколот ќе ја имаат мојата целосна поддршка, како претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Заеднички констатиравме дека меѓу нашите држави имаме традиционално добри и пријателски билатерални односи кои следната година одбележуваат 30 години од воспоставувањето и за овој минат период можеме да се пофалиме за одличната политичка соработка и динамичната економска соработка, со што се потврдува дека Италија е наш посведочен пријател и почитувана држава од поширокото соседство, нагласил претседателот на македонското Собрание.

На средбата тој истакнал и дека сега на истекот на француското претседавање со Советот на ЕУ очекуваме да се испрати конкретен и јасен сигнал до сите земји-членки, а особено до Република Бугарија, дека започнувањето на преговори со Република Северна Македонија и Република Албанија е повеќе од императив.

-Во тој контекст, безрезервната и вокалната поддршка на нашите пријатели и традиционални партнерски држави, како што е несомнено Италија, за нас претставува недвосмислена потврда на сите наши напори да ја оствариме стратешката цел и желба на нашите граѓани – да бидеме дел од европското семејство на народи, рекол Џафери.

Тој, како што информира собраниската прес-служба, повторил дека за нас, меѓутоа и за регионот на Западен Балкан, особено во овие фрагилни и деликатни воени состојби во срцето на Европа, влогот во безбедна и сигурна иднина за европските граѓани претставува прашање на кое Европската унија треба да пристапи со најголема итност и да процени дека, како што потенцирал, секое натамошно одолговлекување на процесот на проширување ќе значи натамошно влошување на ситуацијата, кое ќе се рефлектира како на економски, енергетски, безбедносен, така и на политички план во регионот и пошироко.

-Знаете дека тука мислам на војната во Украина, каде што неодамна бев и во посета за да дадам лична и институционална поддршка на украинскиот народ и украинските институции, и каде лично се уверив во разорните последици на економски, енергетски и финансиски план, меѓутоа пред се, во загубените човечки животи и уништени иднини. На институциите во регионот му претстојат тешки предизвици за олеснување на товарот на граѓаните и наоѓањето на одржливи решенија за иднината и затоа, јасно е дека треба да сме сплотени и да има тесна соработка меѓу сите држави кои се на страната на мирољубивото решение на конфликтите, рекол Џафери по средбата со неговиот италијански колега.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk