ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРОМО & БИЗНИС

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026 19:49
in ДЕНЕС, ПРОМО & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

ПР содржина

Вишото обвинителство прави правен преседан и се става во улога на судска инстанца, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, во изјава за Канал 5 Телевизија откако денес Вишото јавно обвинителство Скопје реши да го врати предметот „Мазут“ кај надлежната обвинителка Коларевиќ во ОЈО ГОКК за продолжување на истрагата. Според професорот, барањето пропусти во вештачењето е спорно, бидејќи истото е направено од истиот орган, јавното обвинителство.

„Мене ми изгледа ова дека е практично политички инспирирано. Во дадената ситуација практично нема можност за ревизија на јавнообвинителската одлука што беше донесена. Одлуките што ги донесува Обвинителството се независни, по кои инстанции и кој обвинител ги има донесено, бидејќи внатрешната функционална надлежност е прилично слободна, би рекол, во Обвинителството и не може да глуми повисокиот обвинител некаков сега суд, којшто наоѓа слабости во вештачењето на понискиот, односно надлежниот обвинител што постапува по случајот и да го враќа случајот сега на штета на осомничениот во постапката. Тоа е спротивно на процесни принципи, на идејата за правна сигурност, на пресумпција на невиност“ – истакна професорот Калајџиев.

Од Јавното обвинителство денес соопштија дека ОЈО ГОКК ќе мора да ја продолжи истрагата по налог на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и Перење пари, против вкупно 13 физички и едно правно лице, а поврзано со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Со одлуката, Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да ја продолжи постапката, при што на надлежниот обвинител во прв степен му се дадени и дополнителни насоки за постапување.

Констатирајќи, пред се, слабости во изготвените вештачења на кои јавниот обвинител од ОЈО ГОКК ја темелел својата одлука да ја запре истрагата, Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице.

Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции, како и да нареди нови вештачења со цел прецизно испитување на сите околности и утврдување евентуална кривична одговорност.

Во мај годинава, ОЈО ГОКК ја запре истрагата, бидејќи како што кажаа немало докази дека е направена штета од 167 милиони евра, како што беше пријавата на МВР. Коларевиќ на брифинг со новинарите тогаш рече дека набавките биле спроведувани за време на прогласена енергетска криза и не биле утврдени незаконитости на постапките. Мазутот бил испорачуван навремено и континуирано и не била утврдена штета за ЕСМ или државниот буџет, па оттаму не било потврдено основано сомнение дека осомничените ги сториле кривичните дела.

Дополнително, во досегашната постапка не беше потврдено ниту дека мазутот предизвикал загадување на воздухот. Според официјалните извештаи на ТЕЦ „Неготино“, во периодот опфатен со истрагата не било регистрирано загадување од работењето на централата. Не било утврдено ниту надминување на пропишаните гранични вредности за квалитетот на мазутот.

Во исто време, официјалните податоци на ЕСМ покажуваат дека реактивирањето на ТЕЦ „Неготино“ се случило во период на енергетска криза и дека централата во 2022 година остварила добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра. Анализите на ФЕИТ, пак, покажуваат дека во услови на тогашните берзански цени, доколку електричната енергија наместо да се произведува во ТЕЦ „Неготино“ се обезбедувала преку увоз, трошокот би достигнал околу 880 милиони евра.

 

Next Post

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk