Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Трамп паднал од возбуда кога Натали Харп му го донела преводот од безрезервната и богато накитена поддршка на македонскиот премиер Мицкоски во која Христијан, вовлекувајки ги и граѓаните на Македонија, нагласил дека поддршката на Трамп во Македонија е многу висока, повисока од каде било во Европа!
Во драматично опаѓачкиот рејтинг во Соединетите држави и во светот, како човек кој шири хаос и агресија повеќе како последица на менталните дефекти отколку на некоја минимално осмислена државна стратегија, поддршката на Мицко му дошла како „Биг Мак“ на гладен стомак.
На тоа не може, а да не се додаде игнорирањето на фајловте Епштајн и други докази и основани и сомневања за манијакални сексуални поведенија на првиот човек на Штатите.
Така што може да се случи за време на Генералното собрание на ООН, кога премиерот и вака и така ќе биде во Америка, да биде првиот танцувач во новата Танцова дворана во Белата куќа, можеби не со Меланија, но со Натали Харп, зошто да не.
Јас разбирам дека мала, не само неконсолидирана туку и држава во напреднат стадиум на распаѓање, мора да прави одредени компромиси со своите морални позиции кога се во прашање односите со големите сили. Но увлекувачката рапсодија на Мицкоски ги надминува дури и критериумите на Македонија која нема никакви морални критериуми и внатре и кон надвор.
Во таква ситуација нема смисла да се извика: Срамота!
Премиерот нема срам, односно чувство за срам.
Најмногу ми смета тоа што рекол дека поддршка на Трамп му даваат и граѓаните на Македонија.
Како го утврдил тоа!
Јас мислам дека тоа е манипулација со волјата и ставовите на граѓаните.
Кои имаат ставови кои не се резултат на мислење.
Така што тој грев на Мицко и не е толку голем колку што ми се стори на прво читање.
FRONTLINE | Мисли слободно. Зборувај јасно. ПРВА ЛИНИЈА.






