ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тут л’Ероп: „Членство на Западен Балкан во ЕУ: Што сакаат земјите-членки?“

June 23, 2022 14:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во регионот на југоисточна Европа, неколку земји со години тропаат на вратата на Европската унија и сè уште го чекаат повторното започнување на проширувањата. За да се приклучи, на Западен Балкан му треба едногласно да се договорат земјите-членки, објаснува францускиот веб портал Тут л’Ероп посветен на европските интеграции,  пренесува дописникот на МИА.

Новиот самит ЕУ-Балкан кој се одржува денеска и утре во Брисел, според веб порталот, има за цел да направи преглед на тековниот процес на кандидатура. Последен пат ваква средба се одржа по повод Самитот во Брдо на 6 октомври 2021 година, организиран од словенечкото претседателство со Советот на Европската унија. Единствената земја од Западен Балкан што стана членка на ЕУ беше Хрватска во 2013 година.

Останатите шест земји од Западен Балкан кои не се членки на ЕУ не се сите во иста фаза во процесот на интеграција, се наведува во анализата. Меѓу нив, четири се официјално признати како кандидати: тоа се Северна Македонија (од 2005 година), Црна Гора и Србија (од 2012 година) како и Албанија (од 2014 година). Босна и Херцеговина и Косово се сметаат за „потенцијални кандидати“. БиХ се декларира во 2016 година, но се уште не добила кандидатски статус. Што се однесува до Косово, се посочува, дека земјата ја изрази својата намера за влез во ЕУ, но сè уште нема поднесено барање.

Финалната декларација на Самитот во Брдо во октомври 2021 година ја потврдува „недвосмислената поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“ на 27-те и инсистира на посветеноста на Унијата „на процесот на проширување“. Особено поради заемниот стратешки интерес на двете страни. Изгледите што беа реафирмирани на овој состанок, се наведува во текстот, беа особено рефлектирани со економски и инвестициски план од 30 милијарди евра за седум години со цел да се финансира транспортот, енергетската транзиција, здравството, обуката или дигитализацијата на економијата на овие земји кандидати.

-Сепак, пречките за европската интеграција опстојуваат. Како што се повторливите тензии од гранична или етничка природа меѓу населението на поранешна Југославија. Но, поделбите меѓу земјите-членки на ЕУ по ова прашање исто така го забавуваат процесот. Сегашното блокирање од Бугарија на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е пример за тоа, стои во анализата.

Во контекст на војната во Украина од крајот на февруари 2022 година, се посочува, неколку земји-членки на Унијата неодамна ставија до знаење дека сакаат повторно да го започнат проширувањето на Балканот. По повод состанокот на земјите од југоисточна Европа во Солун на 10 јуни 2022 година, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го искористи овој самит за да предложи интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ до 2033 година.

-Австрија, исто така жесток бранител на идејата за брз пристап на Балканот, од своја страна повторно ги покани своите европски партнери да испратат „јасни сигнали“ до балканските земји за време на самитот на 23 јуни, особено до Македонија и Албанија и Босна и Херцеговина, нагласувајќи го „големиот потенцијал на Русија за дестабилизација не само во источна Европа, туку и на југоисток“. Истовремено, Словенија ќе изврши притисок за време на следниот Европски совет на 23 и 24 јуни Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус за ЕУ, наведува францускиот веб портал.

За Тут л’Ероп, една од главните актуелни пречки за интеграцијата на Западен Балкан е бугарското вето кое бара Северна Македонија да ја вклучи заштитата на бугарското малцинство во нејзиниот Устав.

Софија веќе во 2020 година ја отфрли „преговарачката рамка“, која требаше да го сочинува патоказот за пристап на Скопје во Европската унија. Згора на тоа, ова вето ја спречува и Албанија да напредува во процесот на проширување бидејќи земјите-членки одлучија да ги поврзат македонската и албанската кандидатура. Затоа, убедувањето на Бугарија ќе биде една од целите на самитот ЕУ-Балкан на 23 јуни 2022 година, оценува веб порталот во анализата.

На чело на ротирачкото претседателство на Советот, Франција формулираше решение за надминување на ветотот од бугарската влада.

-Неодамна во Софија беше предложено почитувањето на идниот билатерален договор со Северна Македонија, кој ќе ги реши нивните разлики, да биде дел од преговарачката рамка на земјата. Предлог позитивно оценет од владата на Кирил Петков. Но, во зафатот на големата политичка криза, се чини малку веројатно дека Бугарија ќе го укина ветото до крајот на неделата. Од друга страна, ветото би можело да биде повлечено во блиска иднина, по самитот на Балканот, лидерот на десноцентристичката опозициска партија ГЕРБ, поранешниот премиер Бојко Борисов, изјави дека го поддржува францускиот предлог. Ова дава парламентарно мнозинство во Бугарија подготвено да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, посочува веб порталот.

Но, овие две земји, како и другите земји кандидати во регионот, се наведува, нема да можат веднаш да се интегрираат во ЕУ – времето врши притисок. Во Западен Балкан, силите кои се натпреваруваат со Унијата, Кина и Русија на чело, се во потрага и се обидуваат да го прошират своето влијание што е можно повеќе. За да одговори на оваа вонредна состојба без да го запре процесот на проширување, Емануел Макрон на 9 мај го претстави проектот за Европска политичка заедница (ЕПЦ).

Целта на оваа заедница, како што објаснува Тут л’Ероп, е да се создаде структура која ќе ги обедини земјите од Европа кои сè уште не можат да се приклучат на ЕУ или кои не сакаат да го сторат тоа околу заедничките демократски вредности. Оваа организација, која има за цел да биде комплементарна на Унијата, а не како алтернатива на членството, би била наменета да ја олесни соработката меѓу државите во клучните области, како што се безбедноста, енергијата или инфраструктурата. Конкретно, за ЕПЗ ќе се дискутира на самитот на Дваесет и седумте, на 23 и 24 јуни. И доколку идејата се оствари, земјите од Западен Балкан секако ќе бидат поканети да учествуваат, заклучува францускиот веб портал во анализата. 

Next Post

Откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ по Самитот со земјите од Западен Балкан

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk