Обраќање на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Ги поздравувам сите наши пријатели, сите лидери-пријатели на Украина!
Ги поздравувам сите кои ја поддржуваат слободата!
Токму така го започнав мојето обраќање до Европскиот совет уште на 24 март, пред три месеци, кога ве повикав да не поддржите.
И каков пат поминавме во овие три месеци! Ние, сите заедно: Украина, вашите држави и Европската унија како целина.
Овој пат не е политика. Сметам дека тоа е она што секогаш ќе биде почетна точка на новата историја на Европа. Европа без поделба. Европа без „сиви“ зони. Европа која е навистина обединета и која знае да се брани себеси, своите вредности, својата иднина.
Денес ја донесовте една од најважните одлуки за Украина за сите 30 години независност на нашата држава.
Сепак, оваа одлука, мислам, не е само за Украина. Најголемиот чекор кон зајакнување на Европа што може да се направи токму сега, во наше време и во такви тешки услови, кога руската војна ја тестира нашата способност да ја зачуваме слободата и единството.
На петтиот ден од целосната војна на Русија против Украина, поднесовме барање за влез во Европската унија. Дадовме исклучително брзи и квалитетни одговори на прашалникот што го добивме од Европската комисија.
И денес е посакуваниот резултат. Денес би сакал уште еднаш да потврдам дека Украина е способна да стане полноправна членка на Европската унија.
Тогаш, пред три месеци, се обратив на секоја земја од Европската унија и укажав во која фаза сме, како што сметав, во нашите односи. И денес сакам на секој и секоја од вас лично да му кажам што чувствува нашиот народ и на ист начин како што беше тогаш.
Литванија – за нас. Ви благодарам, господине Претседател! Гитанас, знаеш колку Украина му е благодарна и на твојот народ и на тебе лично.
Летонија – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Верувам дека заедно ќе успееме да го зајакнеме меѓународниот правен поредок.
Естонија – за нас. Ви благодарам госпоѓо Премиер Калас! Помагајќи на еден, помагаме на сите. Естонија направи многу.
Полска – за нас. Благодарам господине Премиер! Вашата држава, вашиот народ, вашиот Претседател – сите вие и ние на ова патување во Европа сме навистина браќа.
Франција – за нас. Ти благодарам, Емануел! Можеш да бидеш сигурен дека со Украина, Европа во 21 век навистина ќе може да биде меѓу светските лидери.
Словенија – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Благодарен сум за постојаната заштита на заедничката европска кауза.
Словачка – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Мораме да продолжиме да се штитиме еден со друг, тоа не прави навистина силни.
Чешка – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Верувам дека ќе бидеме заедно и на пат кон полноправно членство на Украина во ЕУ.
Романија – за нас. Ви благодарам, господине Претседател! Клаус, нашата соработка во регионот и во европските структури навистина може да стане еден од темелите на глобалната стабилност.
Бугарија – за нас. Благодарам господине Премиер! Ви благодарам што без двоумење ја одбравте страната на доброто во конфронтацијата што започна на 24 февруари. Знаеме дека не ви е лесно.
Грција – за нас. Благодарам господине Премиер! И јас лично му благодарам на грчкиот народ, на вашата земја, која многу ја сакам.
Германија – за нас. Ти благодарам, Олаф! Ти благодарам за поддршката во клучниот момент.
Португалија – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Вашата земја добро го познава нашиот народ. И сигурен сум дека ќе изградиме само позитивни врски меѓу нас.
Хрватска – за нас. Ви благодарам господине Премиер! И ви благодарам за помошта од искуството што го користиме за да ја заштитиме нашата слобода.
Шведска – за нас. Ви благодариме госпоѓо Премиер! Сината и жолтата навистина се секогаш заедно!
Финска – за нас. Ви благодарам госпоѓо Премиер! Вашата подготвеност да се спротивставите на агресијата е едноставно неверојатна!
Холандија – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Можете да бидете сигурни дека вашиот избор на Украина дефинитивно ќе ја зајакне нашата заедничка европска слобода, владеењето на правото и нашето единство во различноста.
Малта – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Гласот на вашиот остров ја прави европската заедница совршена.
Данска – за нас. Ви благодариме госпоѓо Премиер! Не се сомневајте дека со Украина заштитата на европските вредности само ќе се зголемува.
Луксембург – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Ние навистина се разбираме еден со друг, а вашата енергија нè инспирира за идни победи.
Кипар – за нас. Ви благодарам господине Претседател! Ви благодариме што избравте во корист на нашиот народ и нашите вредности.
Италија – за нас. Ви благодарам многу господине Премиер! Ви благодарам за вашата сила, за вашата упорност. Ви благодарам што докажавте дека принципите на пристојните луѓе се навистина основата на Европа.
Шпанија – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Верувам дека можеме значително да ги зајакнеме нашите односи.
Белгија – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Се надеваме дека по нашата победа ќе можеме често да се гледаме во Брисел за заедничките европски прашања.
Австрија – за нас. Ви благодарам господине Канцеларе! Убеден сум дека ќе успееме да ја направиме Европа уште побезбедна и историски најстабилна.
Ирска – за нас. Ви благодарам господине Премиер! Ова е историско зближување на нашите народи. Вашето лично водство е навистина импресивно.
Унгарија – за нас. Ви благодарам господине Премиер, благодарам Виктор, заедно сме способни за многу повеќе отколку сами!
Госпоѓо Претседател на Европскиот парламент Роберта Мецола! Ние сме Ви благодарни Вам лично и благодарни сме му на Европскиот парламент! Вие бевте првите што го поддржаа кандидатскиот статус на Украина ден по поднесувањето на нашето барање.
Господине Претседател на Европскиот совет, драг Шарл, госпоѓо Претседателка на Европската комисија, драга Урсула, благодарна сум ви и на двајцата за лидерството што нè водеше сите нас до овој ден. Благодарен сум за искрената помош, за вербата во Украина, во Украинците, во сите нас.
Отсекогаш сум велел дека ние, Украинците, веруваме во Европската унија. Иако формално останавме надвор од Европската унија, нашата земја веројатно имаше речиси најмногу знамиња на обединета Европа.
Тие беа во рацете на нашиот народ за време на револуциите. Тие беа со нашите луѓе во рововите од 2014 година. Верувам дека знамето на Европската унија ќе биде во секој украински град што допрва треба да го ослободиме од окупацијата на Руската Федерација.
Украинското и европското знаме ќе бидат заедно дури и кога заедно ќе ја обновуваме нашата држава по оваа војна.
И денес сакам да се заблагодарам одделно и во рамките на нашата заедничка средба – самитот на сите европски лидери … Сакам да им се заблагодарам на нашите херои – секој и секоја што ја брани независноста на Украина со оружје во рацете, ја брани слободата на Европа.
Ви благодарам! Ви благодарам што правите да биде возможна новата историја на Украина, новата историја на Европа – уште посилна, уште послободна.
Многу Ви благодарам на сите!
Слава на Украина!