Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени откако земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во јужната иранска провинција Хормозган, пренесува МИА.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 22 километри, североисточно од островот Киш во провинцијата Хормозган.
Островот Киш се наоѓа во Персиски Залив, на 1.025 километри јужно од Техеран.