Според Телеграм каналот Odesa Official, осум лица, меѓу кои и едно дете, се повредени од руски ракетен напад врз станбена зона во населба во областа Одеса, пренесува Укринформ.
„Три приватни куќи и помошни згради со вкупна површина од 500 квадратни метри се запалија во станбена населба во селата во областа Одеса, како резултат на крстосувачки проектил Кх-22 истрелан од руски авион Ту-22 од привремено окупираниот Крим. Според наведените податоци, осум лица, меѓу кои и едно дете, се здобиле со полесни рани од шрапнел како резултат на експлозијата“, се вели во извештајот.
На настраданите им била укажана лекарска помош на лице место. Пожарот бил веднаш изгаснат, пренесува Укринформ.
J. Ѓ.