Министерот за надворешни работи Бујар Османи за ФРОНТЛАЈН изјави дека во фокусот на Г7 се повеќе прашања од глобално значење: мирот, стабилноста, развојот на демократијата и економскиот просперитет како и заедничкиoт одговор кон современите предизвици, како што се климатските промени и руската агресија врз Украина.
Активностите и иницијативите на Г7 имаат значајна улога во меѓународниот поредок, вклучувајќи и влијание врз регионалната соработка и регионалниот економски развој на Западниот Балкан како и Северна Македонија, вели во изјавата Османи.
Самитот на Г7 се одржува во Шлос Елмау, Баварија, Германија, од 26 до 28 јуни 2022 година. ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Групата седум најразвиени земји (Г-7) на овогодишниот Самит во Елмау официјално иницира глобално инфраструктурно и инвестициско партнерство, чија цел е да го намали кинеското влијание во земјите во развој.
М. Ацковска