ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Културата и младите и нивно јакнење во креирање европските проекти во фокусот на агендата на Министерството

June 29, 2022 10:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Наградата за Тирана како Eвропска младинска престолнина (EYC) за 2022 година, претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите, велат од Националниот младински конгрес на Албанија.

Како што соопшти Министерството за култура, тие по средбата со македонската министерка за култура Бисерa Костадиновска-Стојчевска која учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан за промоција на првата Министерска платформа за култура, информираа дека оваа година посветена на културата и младите, споделија искуства за она што го идентификуваат како предизвик, но во исто време како најскапоцениот наградувачки и инспиративен моментум, а тоа е посветеноста да изградат долгорочно наследство и да ја подобрат визијата за Тирана како град кој е инклузивен за сите млади.

Извршната директорка на Националниот младински конгрес на Албанија, Дафина Пеци вели дека за спроведување на EYC 2022 во Тирана, Националниот младински конгрес на Албанија тесно соработува со Општината Тирана и различни министерства и владини агенции. Според неа, ова е цврст пример дека соработката и структурираниот дијалог меѓу граѓанското општество и владините институции носи повеќе инвестиции во младински политики и програми, повеќе шеми за грантови за младински проекти, повеќе јавни простори за младите да се поврзат и да го достигнат својот потенцијал, како и повеќе синергии и мрежи.

– Подготвена сум на младите од Северна Македонија да им помогнам да се зајакнат во креирање на европските проекти и активно да учествуваат во Креативна Европа. Факт е дека културата и младите отсекогаш се во фокус на агендата на нашето министерство. Само така ќе покажеме цврст став за нашиот пат кон европското семејство и ќе вклучиме повеќе теми кои се од особено значење, а тоа се култура, образование, иновации, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Тие заклучија дека институциите треба целосно да ги посветат своите капацитети и волја максимално да ги зајакнат земјата и нејзините млади преку развој, напредок и напорна работа.

– Оваа година, повеќе од кога било, Тирана го става центарот на вниманието на младите. Младинската престолнина за 2022 година веќе ја започна годината со многу активности и настани насочени кон младите луѓе, овозможувајќи им да се интегрираат што е можно повеќе во различни области од нивниот секојдневен живот. Тирана е одличен пример кој нуди многу можности за младинско ангажирање. Разновидната и автентична програма на Tirana EYC 2022 опфаќа широка област на теми што се однесуваат на младите како учество, култура, иновации, младински простори, европски идентитет, капацитет, различност и еко-здравје. Активностите вклучуваат од работилници, конференции, предавања, отворени форуми, до улични забави, културни настани, флеш мобови, уметност и традиција, додава генералната координаторка на Тирана EYC 2022, Национален младински конгрес на Албанија, Аспасјана Конго, се наведува во соопштението. /MИА/. 

Next Post

Пастрмката доцни со мрест, планинскиот бор пред исчезнување, климатските промени безмислосно удираат по биодиверзитетот

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk