Ова е прв златен медал за Македонија и вкупно трет во историјата на Медитеранските игри.
Во категоријата до 97 кг. Нуров губеше со 3:0 против Фејзула Актурк од Турција, па намали на 3:2 и во последните секунди од мечот со маестрален зафат освои уште два поена за конечна победа од 4:3.
Церемонијата на доделување на медалите и интонирање на македонската химна:
Претходно, пред неколку часа, бронзен медал освои и борачот Владимир Егоров во категорија до 65 кг., победувајќи го домашниот миленик и африкански првак Кербаче.
Ацо Лукароски