Од Центарот за управување со кризи известуваат дека рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, завршува денес (30.06.2022 година) на полноќ.
Исто така Центарот за управување со кризи известува дека рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, од страна на Собранието на Република Северна Македонија е продолжен до 31.12.2022 година.