ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СВР Битола-ОВР Прилеп ги демантира дезинформациите во изјавата дадена од страна на градоначалникот на Општина Прилеп

June 30, 2022 14:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како прво, хронолошки гледано во текот на последната недела, полициските службеници при ОВР Прилеп ги презедоа сите потребни мерки и активности за откривање и  разрешување на пријавените кривично- правни настани, при што истите се експресно и во целост разрешени, пишува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР известуваат дека во врска со кривично-правниот настан пријавен од вчера (29.06.2022) во врска со пожар на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.А.(49) од Прилеп, и за кој уште во текот на вчерашниот ден ја информиравме јавноста, во 03.30 извршен е увид и преглед на лице место, подигнати се брисеви за хемиска анализа, обезбеден  видео запис, повикани  лица на разговор, извршени се проверки во пошироката околина, објавени разговори со пријавителот и оштетеното лице, извршено е фотодокументирање и други мерки во интерес на истрагата. Во врска со целокупниот настан известен е Јавен Обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот.

Како второ, во врска со настанот од 27.06.2022 на ул.„Републиканска”, а во врска со извршена „тешка кражба на дрзок начин”, по член 236 став 3, лишен е од слобода Д.Р.(21) од Прилеп и по итна постапка до ОЈО Прилеп поднесена е кривична пријава и изречена е мерка за претпазливост. Паричните средства се вратени во целост на оштетената. Што значи дека овој случај е целосно расчистен во најбрз можен рок, пишува во соопштението.

Уште еден кривично-правен настан кој датира од  25.06.2022  пред Градскиот пазар, каде комуналните редари од ЕЛС Прилеп беа спречени во вршење на службените дејствија, е сосема расчистен.  Лицето беше совладано и лишено од слобода и пред ОЈО Прилеп поднесена кривични пријави по итна постапка, а на сторителот му е изречена мерка притвор во траење во 8 денови во Казнено-поправна установа Затвор Битола, велат од МВР.

Од МВР известуваат дека е расчистен настанот пријавен на 27.06.2022, кој градоначалникот го споменува на прес конференцијата, во врска со физичкиот напад на ул.„Републиканска” во Прилеп, на две лица од страна други две лица, односно сторителите се пронајдени, со нив се извршени службени разговори во полициска станица и поднесени се соодветни пријави.

Ова се фактите, а сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат за цел не само да ја дезинформираат јавноста и да предизвикаат паника кај граѓаните на Општина Прилеп, туку и да наштетат на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. СВР Битола-ОВР Прилеп  продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, пишува во соопштението на МВР.

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани се 163 нови позитивни случаи на Ковид-19

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk