ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани

July 1, 2022 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика денеска го промовираше вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Условите за учество на јавниот повик беa промовирани пред градоначалници од повеќе општини и други претставници од локалната самоуправа.

Почнувајќи од денес 1 јули 2022 година, општините ќе може да изразат интерес за учество на јавниот повик. По завршување на овој процес, ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините со цел развој на социјални услуги на локално ниво. Општините кои што ќе изразат интерес за учество, ќе добијат бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање до присутните ја нагласи важноста од развојот на социјални услуги на локално ниво како важен фактор во процесот на децентрализација и јакнењето на капацитетите на општините во интерес на граѓаните.

„Со развојот на нови достапни социјални услуги согласно потребите на граѓаните на локално ниво, се добиваат двојни придобивки. Прво, големо задоволство е лично да се види како обезбедената поддршка на корисниците на развиените услуги им го подобрува квалитетот на живот. Второ, но исто така важно за овој дел од социјалната реформа е вклучување на пазарот на трудот на социјално ранливите категории, како на пример долгорочно невработени лица, корисници на гарантирана минимална помош, самохрани мајки, и други и нивно извлекување од сиромаштија. Ги повикувам општините, заедно со потенцијалните даватели на услуги да аплицираат на вториот повик за развој на социјални услуги, согласно условите кои ќе бидат наведени, бидејќи несомнено тие носат големи придобивки за сите“, истакна министерката Тренчевска.

Во рамките на првиот повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, 22 проекти во 27 општини добија финансиска поддршка преку овој проект. Најголемиот дел од нив или 16 се за помош на нега на стари лица во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект е наменет за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и регенерација на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатни се повеќе од 522 корисници, а дополнителен бенефит е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.

За да се утврдат ефектите од реализацијата на услугите, беше изготвена и анализа на искуствата и предизвиците при имплементација на давањето на социјалните услуги на локално ниво. Анализата покажа дека соработката помеѓу сите вклучени страни е исклучително важна, како и дека развојот на социјалните услуги на локално ниво овозможува ангажман на лица од ранливите категории, создавајќи нови трендови на пазарот на труд. Меѓу другото, анализата покажа дека е неопходно и зајакнување на капацитетите на давателите на услугите и подобрување на регулативата.

Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка, има за цел создавање нови поквалитетни социјални услуги согласно потребите на граѓаните, вклучително и услуги за ран детски развој.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка

НАЈНОВО

Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

October 12, 2025
Фото: МИА

Хамас сигнализира забрзано ослободување на заложниците – можеби уште вечерва, Израел подготвен да ги прими

October 12, 2025
Скриншот

Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk