ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Предлогот ги опфаќа нашите црвени линии дефинирани во резолуцијата од Собранието

July 3, 2022 21:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во однос на ставовите изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната средба изјави дека сите тие прашања не задираат во прашањето за македонски јазик кое што е чисто во преговарачката рамка и во сите документи на ЕУ, не задираат во идентитетот на македонскиот народ и во самобитноста од кој било аспект на македонскиот народ.

-Тоа е мултилатерален документ кој на Република Северна Македонија и е испратен официјално од претседателството на ЕУ Франција, кој е преземен од новото претседателство Чешка. Во моето воведно обраќање кажав дека ова е предлог кој ги опфаќа нашите црвени линии дефинирани во резолуцијата која ја има донесено Собранието на Република Северна Македонија, рече Ковачевски по средбата со Мицкоски во Клубот на пратениците.

За тоа кога ќе се случат уставните измени и тврдењата на Мицкоски, премиерот кажа дека сите партии имаа свои изјави во изминатиот период, некои се држат до своите изјави, како тој, некои ги менуваат тие изјави.

-Нашиот Устав предвидува дека граѓани кои се самоопределуваат на друг начин од македонскиот народ можат да бидат дел од Уставот. Тоа го побараа граѓаните кои се самоопределуваат како Црногорци, како Бугари и како Хрвати. Можеби ќе го побараат и други. Еѓипќанската заедница во земјава е многу значајна заедница. Поддржувањето на такво влегување во Преамбулата на Уставот е таква одговорност затоа што ние претставуваме пример во Европа за најдобра уреденост на односите помеѓу сите граѓани по сите основи. Затоа сметам дека сите 120 пратеници во Собранието да го поддржат, рече Ковачевски.

Не одговори кога ќе биде отворен Уставот, туку рече дека смета оти во моментот кога ќе дојде да се одлучува за вклучување на овие граѓани во Преамбулата на Уставот дека сите ќе бидат на висина на својата задача и побара сите да го поддржат.

Според Ковачевски, позициите на Владата ќе бидат изградени врз основа на мислењата од консултираните страни што ќе бидат доставени.

-Откако ќе завршиме со консултативниот процес овие мислења ќе бидат доставени до Владата и врз основа на образложенијата Владата ќе ја достави одлуката и ќе ја испрати до ЕУ.

За предлогот на претседателот Стево Пендаровски искажан по денешниот состанок на Советот за безбедност, Ковачевски рече дека го поддржува и Владата ќе побара од преговарачите и нашите институциите да се придржуваат до донесените резолуции./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk