Во периодот јануари – 20 јуни 2022 година на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела, објави министерот за внатрешни Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
– Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 %, кое се должи на промените кои се евидентирани во областа на економскиот криминалитет, каде значително е намален бројот на кривичните дела кои се поврзани со непочитување на здравствените прописи во врска со епидемијата. Вкупна материјална штета од 122.8 милиони денари, напиша Спасовски на фејсбук.