ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд денеска ќе одржи седница нa која ќе се разгледуваат две иницијативи за оценување на уставноста и законитоста

July 5, 2022 09:01
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска ќе одржи седница нa која ќе се  разгледуваат две иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, соопштија од Уставниот суд.

Оспорен: Членот 38 став 3 од Законот за заштита на децата

Подносители на иницијативата: Христијан и Христина Георгиевски, адвокати од Куманово

Според подносителите, од содржината на членот 95 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, произлегува дека на лицата кои веќе се стекнале со правото на родителски додаток (за трето и четврто дете), истото не им се укинува, туку продолжуваат да го остваруваат. Во иницијативата се наведува дека иако целта на предвидената мерка за родителски додаток (за трето и четврто дете) е зголемување на наталитетот на населението, а не намалување на сиромаштијата, од ваквото нормирање произлегува дека оспорената одредба од Законот е дискриминирачка од два аспекта: прво, затоа што дејствува нерамноправно кон лицата кои веќе се стекнале со правото на родителски додаток за трето, односно четврто дете, кое како право не им се укинува, туку продолжувале да го остваруваат, без да им се дозволи на други лица да го остваруваат тоа право, додека од друга страна подносителите наведуваат дека не е испочитувана волјата на граѓаните (родители) кои сакаат да имаат многудетни семејства и кои директно влијаат врз наталитетот на државата и имаат поголеми трошоци по дете од оние кои имаат само по 1 или 2 деца, а согласно социјалниот аспект на државата.

Оспорен: Членот 6 став 2 и член 6-а) од Законот за судските такси

Подносител на иницијативата: Ивана Тасевска

Оспорените законски одредби во иницијативата се наведени како спротивни со членот 8 став 1 алинеи 1, 3 и 11 и членот 9 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со членот 6 (право на правична судска постапка) и членот 14 (забрана на дискриминација) од Европската конвенција за заштита на човековите права, затоа што според подносителот уредуваат привилегија за стечајните управници по основ на нивната општествената положба, односно статусот „стечаен управник”, којашто се состои во можноста да не ги плаќаат судските такси во роковите коишто важат за останатите граѓани во Република Северна Македонија. За разлика од останатите граѓани стечајните управници можат да можат да иницираат и водат судски постапки, без да ги платат судските такси и без тоа да предизвика задржување на текот на судската постапка, се наведува во иницијативата.

Next Post

Средба Пендаровски - Мишел

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk