ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби – Која: Предлогот го отвора процесот за интеграција во ЕУ

July 6, 2022 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, на која главни теми беа предизвиците на интегративниот процес на Република Северна Македонија, содржината на предлогот на француското претседателство за решавање на спорот со Бугарија и протестите против овој предлог, информира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Притоа Груби истакнал дека е исклучително важно да се деблокира интегративниот пат на земјата преку прифаќање на предлогот поддржан од 27-те земји на Европската Унија, а кој, како што рекол, не влијае врз идентитетот, културните, јазичните и историските обележја на македонскиот народ.

Двајцата соговорници посочиле дека во овие клучни моменти за европската иднина на државата треба да се постапи рационално, да се искористи историската можност за решавање на последниот спор што ја кочи земјава од европската перспектива.

Груби го информирал амбасадорот Која за транспарентниот процес на консултации за францускиот предлог и заедно констатираа потреба од оперативна компактност за сеопфатна посветеност на сите политички партии, академскиот свет, граѓанскиот сектор и сите граѓани за надминување на последниот предизвик на земјата. Време е, нагласил Груби, рационалноста да триумфира над субјективниот протагонизам за ниски политички поени.

Во фокусот на разговорот на Груби и Која биле и реакциите предизвикани од објавувањето на содржината на предлогот. Притоа, Груби го осудил насилството употребено во организираните протести, опишувајќи ги како непотребни и штетни обиди за манипулација, создавање конфузија и дестабилизација на земјата.

Според него, граѓаните не треба да станат плен на провокациите на одредени агенции за дезориентација, бидејќи загарантираната безбедност и напредок на државата имаат поддршка од целиот западен свет./МИА/

Next Post

МНР: Нема оправдување за ширење говор на омраза, поттикнување тензии и насилство

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk