ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ до А1он: Тоа не се никакви гозби – 5000 евра за една година за стотици состаноци со кои донесовме донаторска помош од 12 милиони евра за судството и спроведовме Попис

July 6, 2022 20:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реакција до А1он за неточното и манипулативно презентирање на бројки: Со 313.000 денари на стотици состаноци со илјадници соработници во 2021 година обезбедивме успешен Попис и странска помош од 12 милиони евра за дигитализација на судството, напиша на Фејсбук вицепремиерот Маричиќ.

„Сакам да ја известам јавноста дека информациите објавени денес на порталот А1он во врска со реализирани службени трошоци во рамки на моите работни задачи како министер за правда во 2021 година се претставени на неточен и манипулативен начин, целосно спротивно од реалноста и вистината.

Вистината поткрепена со факти, извештаи и документи е следна:

За своите активности како министер за правда, за сите работни средби, состаноци, во министерството, надвор од министерството, за сите работни посети на странски делегации, домашни делегации, конференции, семинари, работилници и слични активности и настани на кои јас сум присуствувал заедно со илјадници колеги, соработници, гости и граѓани во 2021 година се реализирани 313.603 денари за период од 12 месеци, или во просек по 857.5 денари дневно.

Сите трошоци се реализирани исклучиво за службени потреби и за работни обврски во рамки на агендите на Министерството за правда и исклучиво за целите и задачите на институцијата. Средбите се реализирани во Министерството за што се користени услугите на бифето на институцијата, во Владата, но и на локации надвор од институциите зависно од дневните агенди и зависно од тоа каде биле закажувани и реализирани состаноците, за што често одлучуваат и соработниците и колегите со кои се реализирани тие состаноци.

За секоја работна средба постои уреден записник и извештај од кој може јасно да се види дека се запазени сите лимити и ограничувања кои ги воведе Владата, односно дека утврдената сума по човек присутен на работна средба во ниту еден случај не е надмината и е целосно во рамки на предвидениот буџет. Исто така, сакам да потсетам дека трошоците на министерството за оваа намена беа намалени за 50%, во споредба со годината пред тоа, но и дека реализираните трошоци се повеќекратно намалени во споредба со трошењата од времето пред 2017 година.

Конечно, за граѓаните да знаат и на ниво на бројки што меѓу другото сум постигнал за време на средбите за кои биле потрошени 857.5 денари дневно или 313.603 денари годишно, ја информирам јавноста дека во текот на 2021 година преку работни состаноци успеав да обезбедам 12 милиони евра странска донаторска помош за реформи во правосудниот систем, поточно за дигитализација на судовите, која веќе успешно се реализира.

Исто така, за време на работната агенда како министер во 2021 година под моја координација, а секако во реализација на Државниот завод за статистика после 20 години беше реализиран успешен Попис во нашата држава.

Транспарентноста е најдобра алатка за рационално и целисходно работење, па за крај сакам да ги замолам новинарите кои одлучија на ваков начин и во овој момент да презентираат бројки на крајно неточен и погрешен начин, да направат анализа и да и презентираат на јавноста дали се исплати да се реализираат 5.000 евра годишно за работни состаноци на кои е реализирана целокупната агенда на еден министер и на кои се обезбедени 12 милиони евра странски пари за дигитализација на судството.

Ја повикувам јавноста критички и објективно да го прими и толкува овој мој одговор и да направи споредба со начинот на кој А1он одлучиле да ги извртуваат оние 857.5 денари и да ги претставуваат како наводно расипништво, гоштевање или безобразие“, стои во објавата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk