ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ бара одговорност за насилството на протестите организирани од Мицкоски и Апасиев

July 6, 2022 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Организаторите, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата, истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ најостро го осудува насилството на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица и бараме одговорност.

Во насилствата пред Собранието повредени се 47 полицајци, од нив 11 се со потешки повреди.

Насилници маскирани со качулки, со камења, шишиња, молотови коктели вчера ја нападнаа македонската полиција, во обид да го повторат упадот во Собранието од 27 април.

Целата јавност вчера на дело ја виде насилничката матрица, вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер, проруската Левица.

Организаторите, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата.

Досега нема ниту збор за осуда на насилството, ниту една порака за повредените полицајци.

Мицкоски и Апасиев најмалку што можат да направат денеска е да им се ивинат на граѓаните, да им се извинат на семејствата на полицајците и да посетат некој од повредените полицајци.

Почитувани,

По синоќешните инциденти, мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и од оние кои го поттикнуваа насилството.

СДСМ го осудува секој вид на насилство и ги повикува граѓаните да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите и повиците за насилство на антиевропските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Заедно со институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволиме насилничкото однесување и црните сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат стабилноста на државата.“

Next Post

Тупанчески: Новата зграда на Управен суд ќе обезбеди подобри услови за водење на судските постапки

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk