ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Апел до граѓаните да не потпаѓаат под провокации, чија намена е водена од мотивите за остварување на политичка агенда

July 6, 2022 10:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште еднаш сакам да упатам  апел до граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации, чија намена очигледно е нечесна и исклучиво водена од мотивите за остварување на политичка агенда, а организаторите на протестите и граѓаните ги повикувам да покажат демократски капацитет, да победи здравиот разум, и да не се повтори никогаш веќе 27 април!, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Утрово ги посетив храбрите припадници на македонската полиција коишто беа повредени при извршување на службени дејствија на вчерашниот јавен собир пред  Владата, МНР и пред Собранието.

Најостро го осудувам насилството врз полициските службеници чија должност е да ја одржуваат безбедноста. Притоа, во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување.

Во оваа прилика би сакал да ја информирам јавноста дека повредени се 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.

Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, нема ниту еден повреден граѓанин, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

Уште еднаш сакам да упатам апел до граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации, чија намена очигледно е нечесна и исклучиво водена од мотивите за остварување на политичка агенда, а организаторите на протестите и граѓаните ги повикувам да покажат демократски капацитет, да победи здравиот разум, и да не се повтори никогаш веќе 27 април!

Во Република Северна Македонија нема место и нема оправдување за насилство! Дијалогот треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Благодарност до граѓаните кои дадоа поддршка за МВР и полициските службеници кои стоеја во одбраната на безбедноста, како и до медиумите за објективното информирање.“, пишува во објавата.

Next Post

Петровска: Со НАТО поддршка ги унапредуваме капацитетите на армиската единица за пилотска обука

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk