ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: И покрај скратениот буџет на културните работници, не очекува богато културно лето

July 8, 2022 12:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска изјави дека и покрај тоа што со Ребалансот на буџетот се кратат околу 30 отсто од средствата за културните работници, сепак, не очекува богато културно постковид лето.

Министерката информира и дека веќе сите уметници се известени во врска со кратењето на средствата и нагласи оти и тие самите се свесни и прифатиле да работат и со намалени средства од Министерството за култура.

– Кратењето во однос на средства беше усогласено, односно беше нешто одобрено со синдикатите. Кога станавме сите свесни за одржливост на платите и културата, моравме да најдеме начин од каде ќе се кратат средства, уште на состанок во март беше предочено од каде би можеле и тогаш сфатив дека ние имаме навистина културни работници за почит кои рекоа дека културата ќе опстои и со намалени средства од Министерството. Нè очекува богато културно постковид лето, каде ќе ја видиме културата во сиот сјај. Веќе се известени, се известуваат, но мислам дека после две години затворени во ковид и самите беа свесни што ни следува ова година, каде сме соочени со минимум четири светски кризи кои за жал нè не одминаа, рече Костадиновска-Стојчевска.

Критериумите за распределба на средствата, како што посочи министерката, се еднакви за сите.

– Нема привилегирани, нема оштетени, нема некои што имаат предност, нема некои да немаат предност, нема некој да е заборавен. На средина од годината сме, веќе има некои реализирани проекти, но никој нема да биде оштетен, бидејќи тоа финансирање се однесува на цела година. Нешто е веќе реализирано, а нешто од втората половина од годинава би можело да претрпи некое препрограмирање, репрограмирање на некои долгови, бидејќи сите се согласивме да не се кратат капиталните ивнестиции, бидејќи сведоци сме на архитектура, на градба на нашите стари центри и театри за култура каде никој не вложил, заклучи Костадиновска-Стојчевска. /МИА/

Next Post

Квалификации СП 2024: Македонските футсалци во група со Италија и Шведска

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk