Советничката за култура и промоција на Република Турција во Скопје, Чигдем Ѓуллу, беше во проштална посета на Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата беше истакната потребата од развивање на соработката на нови области коишто се директно поврзани со културата, соопштија од Амбасадата на Република Турција во Скопје, jaвува МИА.
Чигдем Ѓуллу, којашто истовремено е и уметничка, за време на нејзината посета и подари едно од своите уметнички дела на министерката Костадиновска-Стојчевска.
На средбата беше истакнато дека меѓу Турција и Северна Македонија постојат силни културни врски од минатото и дека треба да се продолжат напорите во секое време и во сите области за тоа да се зачува.
Истакната беше и потребата од развивање на соработката во нови области кои се директно поврзани со културата, особено во врска со авторските права.