ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зеленски: Мета на Путин не е само Украина туку Европа

July 8, 2022 13:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќање до словенечките парламентарци и државниот врв се заблагодари за нивната поддршка на борбата на Украина против руската агресија истовремено предупредувајќи на опасностите што ја загрозуваат европската стабилност преку дејствијата на Русија во најразлични области.

„Русија користи различни инструменти за да не уништи. Нејзината цел не е само Украина, туку Европа како најважна цел, тие сакаат да ја скршат Украина, но и европската стабилност“, рече Зеленски, говорејќи преку видео врска од, како што рече, локација блиску до фронтот.

Тој се обрати пред пратениците во словенечкиот Парламент на вонредната седница на Националното собрание, на која присуствуваа и претседателот на државата Борут Пахор, премиерот Роберт Голоб и сите министри од неговата влада.

Зеленски се заблагодари на словенечката поддршка за Украина да добие статус кандидат за членство во Европската унија, велејќи дека за Украинците европските вредности се основата на нивниот живот во иднина и оти сакаат членство во Европската унија иако како што додаде, во овој момент Унијата не знае колку долго ќе трае патот на интеграцијата на Украина во ЕУ.

Според претседателот на Украина, Русија користи политички, економски и лоби-притисоци за да ја спречи Украина во нејзините активности на меѓународно ниво, користи лаги во своите јавни постапки, намерно провоцира кризи со цел да го наруши единството на Западот во поддршката на нападната Украина.

Еден од таквите инструменти на рускиот притисок е гасната криза што резултира со „ненормален” раст на цените на тој енергенс, а Европа може да очекува и притисок од Русија преку создавање нова миграциска криза, како резултат на блокирањето на извозот на жито од украинските пристаништа во Црното Море кон Африка и Блискиот Исток, предупреди Зеленски.

Во својот говор тој изрази увереност дека Украина ќе остане независна и целовита во нејзината меѓународно признаена територија по војната, за која рече дека сака да заврши што е можно поскоро./МИА/

Next Post

МВР: Блокирање на автопати е спротивно на законот

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk