ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба Ангеловска Бежоска – Георгиева: Се преземаат силни политики и мерки за справување со кризата

July 10, 2022 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што глобалното економско окружување носи крупни предизвици, носителите на економските политики преземаат силни мерки и политики, беше заклучено од страна на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на онлајн средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Нејзиното видување за соодветните економски политики, првата жена на ММФ го истакна и на нејзиниот твитер профил.

Како што е наведено во соопштението од Народната банка, доказ за соодветноста на политиките е и можноста за пристап до Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), преку кој ММФ ќе обезбеди дополнителна ликвидност за нашата земја за надминување на тековните предизвици, што всушност беше и тема на средбата. Имено, овој инструмент се доделува на земји кои имаат здрави економски фундаменти, практикуваат и се очекува и понатаму да практикуваат здрави економски политики и имаат макроекономска стабилност. При процесот на одобрувањето на ПЛЛ, се оценува соодветноста на монетарната политика, стабилноста и супервизијата на финансискиот сектор, како и соодветноста на статистичките податоци. Подготвеноста на Фондот за одобрување на инструментот, говори дека Народната банка успешно одговара на предизвиците во сите овие домени на нејзина надлежност.

-Во однос на политиките кои ги спроведува Народната банка, примарна цел и фокус и натаму останува одржување на стабилноста. Народната банка започна  со процесот на постепено нормализирање на монетарната политика со цел одржување на среднорочната ценовна стабилност. Како резултат на повисокиот раст на примарните производи и пренесените ефекти кај поголемиот дел од производите и услугите, вклучително и растот на инфлациските очекувања, на три наврати досега, беше реагирано кај основната камата. Во контиунитет, Народната банка делува и на девизниот пазар за оптимално управување со ликвидноста. Во оваа насока, два пати се реагираше и кај задолжнителната резерва во насока на поттикнување на денаризацијата, се наведува во соопштението од Народна банка, јавува МИА.

Next Post

Агентот на Роналдо е во преговори за преселба на напаѓачот во ПСЖ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk