ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Голем број кинески градови воведуваат нови мерки против Ковид-19

July 11, 2022 11:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број кинески градови воведуваат нови мерки против коронавирусот, од затворање на деловни активности до заклучување, за да бсе спречат нови инфекции, додека комерцијалниот центар Шангај се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање откако регистрираше подваријанта на омикрон.

Со оглед на тоа што Кина се држи до својата политика на „нулта ковид“ за брзо сузбивање на сите инфекции, строгите мерки на локалните власти доаѓаат и покрај малиот број случаи, во време кога голем дел од светот живее со коронавирус, коментираат светските агенции.

Централната влада на Кина соопшти дека мерките треба да бидат што е можно повеќе насочени за да се минимизира штетата врз економијата на земјата, откако масовните карантини годинава ги нарушија глобалните синџири на снабдување и ја погодија меѓународната трговија.

Високо преносливата подваријанта на омикрон, која предизвикува епидемии во многу земји надвор од Кина, покажува знаци на поголема способност за избегнување на реакциите на антителата предизвикани од вакцината отколку некои други подваријанти на омикрон, рекоа здравствените власти.

Откривање на една таква подваријанта во Шангај би можело да придонесе за воведување на мерки слични на заклучувањата од април и мај што ја потресоа глобалната економија и пазарите.

Властите во Шангај, најнаселениот град во Кина со 25 милиони жители, им порачаа на граѓаните во неколку области да се тестираат двапати неделно. Жителите на Шангај и онака често се тестираат за да имаат пристап до различни локации и јавен превоз.

Дневниот број на локално пренесени инфекции во Шангај се искачи на неколку десетици од 5 јули, од едноцифрен колку што изнесуваше претходно овој месец, но останува низок според глобалните стандарди./МИА/

Next Post

Поставен камен-темелник на првата градинка во скопската населба Пролет

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk