ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митревски: Материјалите за преговарачката рамка кои ги бара опозицијата ќе бидат доставени до пратениците

July 11, 2022 12:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Материјалите на кои инсистира опозицијата во врска Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка, испратена од Владата до законодавниот дом, ќе им бидат дополнително доставени до пратениците преку претседателот на Собранието, информира денеска координаторот пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски по денешната координација посветена на Информацијата.

– Ако овие материјали не биле достапни, тогаш што сме правеле ние 3-4 часа, врз основа на кои документи сме разговарале. Врз основа на кои документи се создава впечаток или врз основа на кои документи се држат прес-конференции од страна на опозициската партија, така што затоа уште еднаш ова можам да го наречам само политички фолклор, рече Митревски.

Во однос на тоа дали ќе се одржи нова средба на работната група на собраниските политички партии во врска со предлог-преговарачката рамка, Митревски информира идејата на првата средба била да се договорат заклучоци по однос на Информацијата и по завршување на дискусијата по неа, тие заклучоци да бидат предмет на гласање.

– Заклучоците се ставаат на гласање и врз основа на тие предлог-заклучоци пратениците се изјаснуваат. Од друга страна, имавме предлози за промени во преговарачката рамка што не се возможни. Значи, не е возможно ние да ја задолжиме Владата да ја промени преговарачката рамка, која што ја доставува ЕУ. По таа логика би требало ние да ја задолжиме ЕУ да ја промени преговарачката рамка. И во однос на тоа прашање дали ќе продолжат тие разговори еве јавно кажувам дека сме отворени и денес и вечер и утре и кога ќе одлучат пратениците од опозицијата да разговараме за предлог-заклучоците, изјави Митревски.

Тој додаде дека со тие предлог-заклучоци ќе бидат избиени сите дилеми во јавноста, во делот на јазикот, иако е чист, и за делот на историјата, билатералните прашања, образованието, за посебноста на македонскиот народ, за посебноста со сите нејзини елементи, за идентитетот.

– Се она што ќе го донесеме како заклучок тоа ќе биде задолжение на Владата како да се однесува во периодот којшто следи. Со тие заклучоци ја обврзуваме Владата дека македонскиот јазик останува и ќе остане секогаш чист за оваа Влада, за следна влада, за која и да било влада во следниот период затоа што ова ќе биде процес којшто не почнува и не завршува со чинот на гласање, туку ќе биде процес кој ќе трае во следните години, неколку години, истакна Митревски.

Во врска со билатералниот протокол со Бугарија, Митревски потенцира дека неговата содржина се уште не е договорен и таков документ не е потпишан.

– Кога ќе биде потпишан и кога ќе биде договорен тогаш ќе биде објавен за цела јавност и верувајте дека се ова што сега се зборува ќе видите дека тогаш кога ќе биде објавен ќе биде се побиено, додаде Митревски. /MИА/. 

Next Post

Во Тетовско за шест месеци казни за 905 лица кои возеле без валидни дозволи

НАЈНОВО

VDzambaski / Flickr

Маршот за ангелите во Скопје, почнува на пладне

November 15, 2025

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

November 15, 2025

Гувернерот на Оклахома помилува осуденик на смрт неколку часа пред егзекуцијата

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk