ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каевски: Проруски инсталации на насилните протести на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев, која е улогата на Ковачки?

July 12, 2022 12:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Руските знамиња на протестите, навредите кон нашите сограѓани од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата, изјави на денешната пресконференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со насилни протести и крвави сценарија дејствуваат против интеграцијата на државата во ЕУ.

Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците.

На виделина излегуваат нови моменти кои ја докажуваат поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации.

Ова е едно од лицата кое доби осумдневен притвор за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Од фотографиите што лицето само ги им објавувано на социјалните мрежи може да се види дека е во друштво на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

На една од фотографиите притвореното лице носи облека со националните обележја на Русија.

Руските знамиња на протестите, навредите кон нашите сограѓани од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.

И по неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара која е поврзаноста на армискиот дезертер Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието.

Дали токму Ковачки координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?

Во клучен период за евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Ќе одговара секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата.“

Next Post

Без вода утре дел од Кисела Вода

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk