Христијан Мицкоски заедно со неговиот партнер, проруската инсталација Димитар Апасиев со насилни протести и крвави сценарија работат против интеграцијата во ЕУ, пишува во соопштението на СДСМ.
Минатата недела јавноста виде како членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица каменуваа полицајци, фрлаа молотив коктели, ширеа омраза преку обиди за крвави сценарија и оштетуваа објекти на државни институции, велат од СДСМ.
Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?, пишува во партиското соопштение.
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивниот проруски коалициски партнер Левица прават се за да ја нарушат стабилноста на државата но СДСМ, заедно со институциите, со граѓаните, тоа нема да им го дозволи.
Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани, пишува во соопштението.