ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На Русите им е доста од пропаганда, им недостига Запад, преплашени се за својата егзистенција

July 13, 2022 12:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската компанија за развој на социјалните односи (КРОС – Друштво за развој на социјалните односи) го истражуваше „националниот индекс на страв“ меѓу Русите од почетокот на војната во Украина, врз основа на студијата за социјалните мрежи и медиумското покривање.

Како што пишува хрватски Јутарњи, истражувањето било спроведено од 24 февруари, првиот ден од агресијата врз Украина, до 31 мај. Како што пишува Московски Комерсант, за Русите во моментов „празен фрижидер е пострашен од ракетите“. Тие се повеќе загрижени за нивната лична егзистенција, заканата од губење на „удобноста“, навиките и стандардите на кои се навикнати отколку за „можната нуклеарна војна“.

Според овој индекс на страв, Русите повеќе се плашат од порастот на цените (да потсетиме дека инфлацијата до крајот на годината се очекува да биде нешто под 30 проценти, а повеќето основни прехранбени производи и апарати за домаќинство се зголемија од 30 на 70 проценти во првите три месеци од војната) и дефицит на производи и услуги. И пред се на западните производи и услуги на кои се навикнати и кои станаа нивно секојдневие, а без кои останаа поради санкциите.

Така, недостатокот на западни брендови повеќе ги загрижува Русите отколку „ситуацијата на бојното поле во Украина“. Додуша, пишува Комерсант, Русите на социјалните мрежи ја коментираат војната или „специјалната операција“ 5,5 пати повеќе од медиумите. Некои аналитичари наведуваат дека „добар дел од населението“ попретпазливо пристапува кон „извесувањата во руските медиуми“, а им пречи и недостатокот на информации од Западот.

Сепак, интересно е што најголемото внимание на Русите, што се однесува до војната во Украина, го окупираат нападите врз руските погранични градови, а се појави и страв од „можни терористички напади“ во руските градови. Тоа повеќе ги загрижува отколку она што се случува во самата Украина.

Понатаму, според индексот на страв, веднаш по недостигот, западните санкции и изолацијата од Европа им создаваат најголема непријатност на Русите, пишува Комерсант, повикувајќи се на истражувањето на КРОС. Оттаму го изразуваат своето незадоволство од блокирањето на Фејсбук и Инстаграм бидејќи им е ограничена слободата на комуникација.

Забележливо е зголемување на „посетеноста“ на достапните социјални мрежи, а помалку луѓе сурфаат на веб-страниците на руските медиуми. Интересно е што и во 2021 година најголема фобија им била пандемијата на корона, која денес практично не ја ни спомнуваат, па социолозите велат дека на ред дошол „псевдофобијата“.

Социологот Виктор Потуремски за „Комерсант“ вели дека Русите „се приспособиле и се навикнале на животот во услови на специјална операција“, но поради војната не сакаат да ги променат своите навики и удобности, а се повеќе се загрижени за личната комоција и егзистенција која ќе се доведува во прашање поради санкциите, отколку од воените операции.

Голем број од испитаниците истакнале дека блокирањето на картичките Visa, Mastercard и American Express им предизвикува непријатност и го отежнува нормалното функционирање. Тој вели дека индексот на аклиматизација и навикнување на воената ситуација е висок, но очигледна е загриженоста за животниот стандард и стравот дека ќе мора да се откажат од многу работи на кои се навикнале, а тоа според социолозите, ќе им биде потешко отколку развојот на воените настани.

Истражувањето покажува дека Русите веруваат дека нивниот животен стандард ќе се влоши бидејќи поради санкциите повеќе нема да можат да си дозволат многу работи кои ги сметале за нормални, достапни и несомнени. Инаку, според некои истражувања, пишува московскиот деловен весник РБК, околу 60 отсто од Русите веруваат дека нивната економска состојба е полоша отколку во 2021 година, а над 65 отсто од нив се убедени дека нивната финансиска состојба дополнително ќе се влоши.

РБК наведува дека само во првите три месеци од војната, Русите останале без 10 милијарди долари заштеда, кои или морале да ги потрошат за да ја надополнат дупката во семејниот буџет или ги оставиле за „црни денови“. Пораснаа сивата економија и црниот пазар, а по падот од 75 отсто на продажбата на бела техника, побарувачката за користени производи се зголеми за две третини. Во московските трговски центри потрошувачката во јуни падна за околу 50 отсто. Над 80 отсто од Русите летово нема да одат на одмор во странство, а нешто повеќе од 50 отсто од граѓаните годишниот одмор ќе го поминат дома.

Подготви: Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа, вели Кузеска

May 13, 2025

Водач на руска шпионска мрежа осуден на 11 години затвор во Велика Британија

May 13, 2025

МВР: Со лажни е-маил пораки се злоупотребуваат имињата на македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk