Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук напиша дека денеска остварил средба со украинската амбасадорка Наталија Задорожњук.
„Денеска остварив средба со амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија Н.Е. Наталија Задорожњук.
На средбата разговараме за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на Украина, имајќи ги посебно предвид постапките за добивање на привремен престој на лицата од завојуваните подрачја во Украина поради хуманитарни причини. Притоа амбасадорката Задорожњук изрази благодарност до МВР за експедитивноста при издавање на лични карти со кои се регулира статусот за привремен престој поради хуманитарни причини“, пишува во објавата.