ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Антиевропските протести се „издишани“, но политичкото насилство од антизападните инсталации не е исклучено

July 14, 2022 13:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Како што е познато, предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со Европската Унија, која ја претстави Француското претседателство со Унијата беше дочекана „на нож“ од опозицијата. Фамозната рамка застана на прагот на Парламентот на 15 јули.

Во меѓувреме беа покренати секојдневни протести против „францускиот предлог“ на кои имаше неколку посериозни инциденти, беа повредени повеќе од 50 полицајци, имаше десетици приведувања и беа поднесени неколку кривични пријави. Но во последните два-три дена стивнаа, иако не исчезнаа, вообичаените скандирања за „чиста Македонија“, „гасни комори…“ и “клетите…“. Некои ќе оценат дека протестите „издишаа“ или барем дека течат невообичаено мирно, особено ако се земе предвид кои структури ги организираат.

До моментот кога на „сцената“ се појавија гилотини и животни, да ја „засилат“ сценографијата.

Затишјето, сепак, не треба да значи дека плановите на организаторите се промениле. Ни оддалеку! Протестите во изминатите денови ги вратија сеќавањата на периодот од протестите од почетокот на 2017 година, кои кулминираа со крвавиот напад на Собранието на 27 април. И тогаш, во пресрет на тој крвав настан, речиси на идентичен начин, се организираа протести во знакот на говорот на омразата насочен кон Западот, кон граѓанското општество и, неизбежно, кон Албанците.

За „чудо“, на овие протести како да се заборави на темата „бугаризација“, па омразата се насочи кон меѓуетничките односи. Притоа, од „не“ за францускиот избор, протестите прераснаа во „НЕ за членство во ЕУ“, а секако и во повици за геноцид: Гасни комори, клетите Шиптари, чиста Македонија… И отворени закани со смрт на оние што ќе гласаат за европскиот предлог (гилотина).

Не е исклучено „затишјето“ да значи подготовка за ескалација и насилни инциденти пред, но и внатре во Собранието, особено ако европскиот предлог помине со мнозинство пратеници, како што се очекува. Ако тоа не се случи на почетокот на собраниската расправа (14 јули), инциденти и обиди за дестабилизација не се исклучени ни во блиска иднина. Рашистите имаат план кој се гледа од авион.

За време на протестите беа забележани и демонстранти со натписот „27 април“ на маиците, петтиот ден (на 6 јули) од протестите. На истиот протест за малку беше избегнат поголем инцидент кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје, кога пиштолџија, член на Алијансата за Албанците, испука четири куршуми од својот пиштол.

Иако протестите навистина изгледа дека се речиси целосно „издишани“, откако до пошироката јавност допреа пораките од меѓународната заедница и од прогресивните креатори на јавното мислење, сепак, потребна е максимална претпазливост во овој период. Политичкото насилство никогаш не е исклучено кога се работи за антизападните структури и инсталации во земјава.

Да се надеваме дека релевантните институции преземале доволно превентивни мерки да не дојде до ескалација и насилство, односно дека се подобро подготвени за да спречат повторување на „27 април“.


Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. Текстот е подготвен со помош на членовите на Колегиумот на Цивил. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk