ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: Квалитетното високо образование создава генерации кои ќе умеат да се носат со предизвиците на новото време

July 14, 2022 14:36
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на одбележувањето на годишнината од основањето на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност истакнал дека желба на секого во државава е да имаме универзитерт високопозициониран на глобалните ранг-листи.

Како што соопшти МОН, Шаќири посочил дека најважно е што таквите универзитети ќе создаваат генерации  академски граѓани што ќе умеат да се носат со предизвиците на новото време, кои ќе бидат лидери на четвртата индустриска револуција и ќе бидат вреден човечки капитал што ќе се вложи во побрз развој и добробит на државата.

– Квалитетно висoко образование е еден од приоритетите на Владата. На овој факт се должи зголемувањето на државниот буџет за истражувања и насочувањето на најголемиот дел од средствата кон финансирање на научно-истражувачки проекти, опремување лаборатории и клинички сали односно планско, програмско и грантово финансирање на високото образование. Обезбедувањето дополнителни бенефиции за студентите и научно-истражувачките работници, можностите за стипендии и воопшто поткревањето на системската грижа за високото образование е вистинскиот пат кон издигнување на нашето високо образование до најдобрите европски академски височини, истакнал Шаќири.

Очекува дека Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност во претстојниот период ќе придонесе во подготовката на Националната програма за високото образование и ќе даде мислење и предлози за изготвување на Уредбата за мерила и критериуми за финансирање на високото образование и Националната програма за научно-истражувачка дејност.

Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност е самостоен стручен орган кој  работи на унапредување на квалитетот на високото образование, интензивирање на научно-истражувачка дејност и поттикнување на меѓународната соработка. Беше формиран согласно Законот за високо образование и е составен од 15 члена – 12 професори и по еден член од МАНУ, од деловната заедница и од студентите.

Советот има обврска еднаш годишно да ги информира Собранието и Владата за предлог-мерките, решенијата и препораките што ги дал за подобрување на високообразовната дејност./MИА/.

Next Post

Брнз: САД отсекогаш го поддржувале пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk