ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Приказна за хероите и говњарите. Опасна ограниченост.

July 15, 2022 11:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Приказна за хероите и говњарите

Да правеле комунистите анкети, никогаш не би се кренале на востание. А партизаните би го одложиле оружјето и би се вратиле Прилеп тутун да редат монопол.

Подвигот на Народноослободителната војна и војска, значи на комунистите односно партизаните, е во тоа што успеале, меѓу другото и поради меѓународните околности, да го совладаат лигавиот опортунизам на народот. Оние кои денеска парадираат со хероите од тоа време треба да знаат дека ако хероите станат од гробовите ќе ги избркаат овие што ги шетаат, да бидеш сигурен, Максо и би ја избркале стоката што пали, кине и ја уништува иднината на два милиони луѓе. И нивното дело. Треба да маршираш на вмро-дпмне, Максо, против селекцијата на најдолното просташтво пред Собранието, ако веќе си решил да марширате, а не да трчаш по бендисот на 60 или 70 отсто побудалени Македонци. Такви како тебе и Мицко, како вмро во целина, значи без остаток, го разболевте народот. Но, ќе го излечиме. И него и вас. Точно како што пред 80 години тоа го направиле Мирче, Страшо, Питу, Апостолски, и илјадници други. Ќе ги искористиме, исто како и тие, меѓународните околности кои ни одат во прилог.

Опасна ограниченост

Замислете, почитувани, тој и ја аргументирал на Урсула фон дер Лејен својата позиција против внесувањето на Бугарите во Уставот и против помирувачките формулации во дефинирањето на добрососедските односи, со убиството на децата од Ваташа и со депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Односно изнел аргументи кои ако почнат на вморонски начин и со вморонско толкување да се вадат од европските ормари и да им се дава ваква современа политичка нота и интерпретација, Европската унија треба веднаш да се распушти и континентот и светот сместа да влезат во трета или не знам која по ред војна. Да не навлегуваме во детали кои би можеле да ја компромитираат и улогата на вмро во тие случувања односно и улогата на не мал број на Македонци. Од кои би можело да се состави убаво парче од македонскиот народ. Конечно, да не заборавиме дека и Бугарите имаат жртви за покажување. А имаме и нови деца кои во смрт ги прати македонската власт. Во Диво Насеље, да речеме. Партиската основа на таа власт нема право да држи морални лекции, а во историска смисла таа отсекогаш била антимакедонски феномен кој во однос на македонската држава и нација денеска има право само да ќути. Поклон пред сите несреќници кои во тие и овие прекршни времиња ги загубија своите животи, многумина од нив на најужасен начин, мораме да се ослободуваме од ретроспекциите кои на ваков начин ни ја проектираат историјата во сегашноста и иднината и да се ослободуваме од вакви ограничени, строго ограничени, јас би рекол луѓе на кои е опасно да им се дозволи да се занимаваат со политика.


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Галетановски: Не ми е верно тоа што се случувало во ЗОО, важно е вработените да останат присебни

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk