ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Зголемен бројот на активни ковид-случаи во земјава, најавен состанок на Комисијата за заразни болести

July 15, 2022 08:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За 45 проценти е зголемен бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со корона вирусот во државата.

Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на КОВИД-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти, а нема пријавени починати лица.

Од вкупно 2 309 активни случаи, најголем број се од Скопје – 1 231 или 50 отсто од бројот на активните случаи се во главниот град. Во Крушево, Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против КОВИД-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината „Фајзер“ или „Модерна“. Растојанието од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку четири месеци.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9 337.

Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше вчера Светската здравствена организација (СЗО).

– Минатата недела во светот се потврдени 5,7 милиони нови случаи, што претставува пораст од шест отсто. Починати се 9.800 пациенти, колку и претходната седмица, се наведува во неделниот извештај на СЗО за пандемијата од Ковид-19.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус порача дека пандемијата и понатаму претставува глобална вонредна состојба./МИА/.

Next Post

Предлог-преговарачката рамка пред пратениците, дебатата продолжува денес

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk