ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

(ФОТО и ВИДЕО) Илјадници скопјани на Маршот за ангелите со поддршка за родителите на загинатите во Кочани

November 15, 2025 15:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ
Фото: Фронтлајн / Ј. Ѓорѓиоски

Фото: Фронтлајн / Ј. Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

Десетина илјади скопјани денеска маршираа заедно со родителите на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани на 30. „Марш за ангелите“, кој овојпат се одржа во Скопје.

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се има одговорност, да се дознае кој можел да спречи, а не го направил тоа, кои институции задоцниле со реакција, да преземат мерки и да се направи се ваква трагедија никогаш повеќе и никому да не му се случи, побараа денеска родителите на починатите.

Маршот почна на пладне на плоштадот „Македонија“, од каде што продолжи кон Собранието, а потоа учесниците се упатија  пред Основниот кривичен суд Скопје.

Пред македонското Собрание се обрати Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК.

-Не бараме сожалување и сочувство, бараме правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која ние ја преживеавме, рече таа.

Никој, истакна Ѓорѓиеска, не е заштитен кога институциите не ја вршат својата работа. Затоа, како што рече, ова не е политички повик, туку повик од срце за правда за вистина и за човечност.

-Почитувани пратеници бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежна собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи загубата не е бројка, туку живот. Во овој случај нарушени се права на живот и безбедност на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана по живот. Бараме да се утврди зошто интитуциите задоцнија. Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да носи болка која е последица на ваков пропуст  негрижа или недејствување. Бараме да се утврди вистината каде се случиле пропустите, кој не реагирал, кои интитуции задоцнија. Која ја имал должноста да спречи, а не спречил, истакна таа.

Според родителите и роднините на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани истражувањето што се водело останало нецелосно со отворени прашања без одговор и недоразјаснети околности.

-Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена. Анкетната комисија треба да обезбеди фактите да излезат на виделина, проверка на постапување на сите институции од локално до централно ниво. Да се утврди евентуална политичка или службена одговорност да се подготват мерки кои ќе спречат и гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе, никому нема да му се случи, рече сопругата на Андреј.

Организаторите на маршот порачуваат дека се свесни оти патот до правда ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но, нагласуваат, ако се пронајде заедничката точка на сплотување и сите застанат еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот.

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември.

Судот најави дека ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните упатија апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.

Фото и видео: Фронтлајн / Ј. Ѓорѓиоски

Tags: КочаниМарш за ангелитеСкопје
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

Shortcut

Најново

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk