ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Македонија на лекарски прегледи

July 16, 2022 12:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Јас ја застапувам следнава теза

Македонија се движи кон целта исполнувајќи одредени услови кои ги бараат тие кои се веќе на целта или се целта како таква. Не обрнува внимание на идентитетот затоа што тоа чудо не го носи во багажот, ниту може да го забележи како знак покрај патот, или да го загуби на некоја попатна станица, туку го носи во себе, односно таа е идентитетот.

Втората теза јас ја викам антихерера.

Паниката ја креваат оние кои се формирани во културата на загрозеноста, односно во елементите на националниот идентитет кој, всушност, треба да се смени.

Или професионалните Македонци кои имаат канцеларии за одбрана на идентитетот.

Тие се стопери во лузерската репрезентација која во нивната стратегија нема центарфори затоа што идејата не е да се даде гол, туку да се примат што е можно повеќе.

Македонија е мрежа што противниците ја полнат со голови.

Стоперите пуштаат да ни го начука кој како стигне за да можат да не бранат и потоа да ни ги мачкаат влезните отвори со павловиќева маст.

Тие се македонските антихерери.

Нивната тактика е позната под името отворен катаначо.

Тоа е теза која Македонија мора да ја напушти.

Ова е време во кое имаме два процеса.

Едниот е барање на решение, а вториот е дефинирање на ситуацијата.

Тие можат да бидат одвоени, дури и спротивставени.

Да речеме, и сега некои викаат да не носиме решение, туку првин да ја дефинираме ситуацијата. За што ни е потребно време што го немаме, итн итн.

Но можат да функционираат и во единство, така што решението ќе ја дефинира ситуацијата.

Но, и во едниот и во другиот случај ќе се допреме до третата теза, таа на Емил Сјоран, кој за историските феномени, какви што се цивилизациите, империите, па и државите и нациите, рекол дека кога ќе дојдат во фазата на пропаѓањето, најлошо е да им се помага да се спасат. Не, тврди Сјоран, треба да се остават да пропаднат или, дури, да им се помогне во исчезнувањето, за да им се скратат и обезболат, колку-толку, агониите и смртта.

И, најважно: да се овозможи раѓањето на нов феномен, нова цивилизација, нова култура, нова формација…

Така и со нашата слатка Македонија.

Ако со решението и ситуацијата утврдиме дека влегуваме во зона која има и друга смисла освен одбраната на идентитетот, треба да продолжиме по тој пат, ако не, треба да престанеме со сите одбрани.

Мораме да го кренеме знакот на фаталистичката врзаност за Македонија како елемент кој ќе ги диктира нашите решенија и ситуации.

И како елемент кој ги хендикепира, дури, би рекол, тероризира луѓето.

Нашата идеја не смее да биде опстанокот на Македонија и на македонскиот идентитет, таа вазна нека ја гланцаат во некој музеј, нашата идеја мора да биде добриот живот на слободни луѓе. Смислата на тој живот надвор од одбраната. Екологија, економија, култура, спорт… Во таа доброст, се разбира дека спаѓаат и прашањата на идентитетот, но само како инспирација, мотивација, како енергија, а не како извор на стравот, на блокадите и на комплексите.

Нема никаква смисла односно многу е глупаво да ги измачуваме и следните генерации со нашите денешни фрустрации и да ги обврзуваме да го продолжат нашето свето дело.

Курац фини свето дело.

Мораме да им оставиме многу подобра основа за нивното делување.

Не вувузели, апаши, хер фликови и кикифрикови, не вмро, вмро сигурно не.

Ние сме како фудбалер кој треба да потпише за Европската унија.

И сѐ што треба да направиме пред потписот се лекарските прегледи.

Глупаво е и за Унијата и за нас да одиме повредени.

Со Апаши синдром, со воспалени хемороиди, со слепо црево во главата, или со вмро на очите…

Проблемите мораме да ги отстраниме пред да ставиме потпис на договорот.

Тоа е се.

Добро, и да знаеме да играме фудбал, но тоа се подразбира.

Без гаранции.

За Европа нема гаранции.

За планетата нема гаранции.

Садио Мане, кога преминуваше од Ливерпул во Баерн, не бараше гаранции дека Германците нема да му го негираат јазикот или дека ќе сакаат да го обојат во бело.

Да го аријазираат.

Хахаха!

Или дека нема да се повредува.

Или дека задолжително ќе дава по 25 гола во сезона.

Само ги помина сите лекарски прегледи.

Така е, односно така треба да биде и со Македонија.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk