ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Сакам да им честитам на граѓаните, после 17 години конечно имаме голем исчекор – почнуваме преговори со ЕУ

July 16, 2022 21:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На овој важен ден сакам да им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија. После 17 години конечно имаме голем исчекор – почнуваме преговори со ЕУ. Особено сакам да му честитам на македонскиот народ – влегуваме во ЕУ како Македонци, со заштитен македонски идентитет и многу важно, со нашиот македонски јазик, објави на Фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев.

„Благодарност испраќам до сите македонски пратеници, политичари и граѓани и во Северна Македонија и во Бугарија, кои се издигнаа над поделбите и го поддржаа ова решение за кое сум убеден дека овозможува обнова на пријателството и напредокот.

Благодарност до Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи, Ахмети и целата наша владина коалиција и особено до македонските пратеници кои гласаа за европската иднина. Благодарност и до ГЕРБ на Бојко Борисов како и до Мустафа Карадаи претседател на ДПС либералната партија од која доаѓа и Илхан Ќучук, кои заедно со пратениците на ПП партијата на Петков и ДБ партијата на Христо Иванов ја видоа оваа можност за заеднички исчекор.

Благодарност до сите етнички заедници во нашата татковина кои повторно застанаа рамо до рамо со братскиот македонски народ.

Сакам да ги охрабрам граѓаните да продолжиме по овој пат. Има уште многу работа, но конечно се придвижуваме и отвораме нови европски процеси.

Ги разбирам оние граѓани кои се лути и загрижени од економските и безбедносните состојби – стабилноста, инфлацијата, растечките цени. Тие се фокусирани на обезбедување стабилност за себе и за своите семејства. Тие се разочарани од мачниот пат кон ЕУ и долгата серија неуспешни обиди да почнеме преговори, за што со право се лутат и на ЕУ, но и на политичарите од Република Бугарија поради неочекуваниот застој кој ни го приредија.

Но треба да се знае дека не е работа на граѓаните да внимаваат на можни стапици во документите – тоа е работа на лидерите и политичарите.

Владата и Парламентот се должни да знаат сѐ и да носат исправни одлуки и за државата и за народот. Јас сум убеден дека одлуката да се поддржи овој предлог ја обезбедува европската иднина и го гарантира македонскиот идентитет во ЕУ.

Подобра иднина од иднината во која сме членка на ЕУ не постои. Тоа го знаеме сите. За вакви прашања не смее да се калкулира со рејтинг. Политичарите доаѓаат и заминуваат. Важно е државата и народот да одат напред кон извесна иднина.

Покрај сé, Владата треба да биде државотворна и никако поинаку. Одлуките мора да се донесат затоа што само тоа е исправно.

А, опозицијата? Жалам што сето ова само го користеа за да се догребат до власт, но за сметка на тоа не направија ни еден чекор да им помогнат на народот и државата. Затоа се и ќе бидат уште долго во опозиција.

Затоа, спомнете си – за Охридскиот договор, некои велеа ќе сме се поалбанчеле, за територијалната организација ќе сме се федерализирале, за Преспа ќе сме го изгубиле идентитетот.

Тоа го велеа оние кои немаат визија за иднината. Ние секогаш велевме – ова е патот кон иднината. Еве сега времето е најдобар судија – нека се сетат граѓаните кој беше во право. Така и сега – тие што грешеа на секоја раскрсница, грешат и сега“, истакна Зоран Заев.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Авионска несреќа во близина на Кавала, Грција. Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Во близина на Кавала се урна товарен авион управуван од украинска компанија

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk