Изминативе денови непознато лице лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приход како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што го имале спрема Управата, информираат од УЈП
Од Управата соопштуваат дека оваа информација ја добиле денеска, и оти согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријавиле случката во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци.
-УЈП известува дека задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија и пријави) и уплатите, преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски. Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник, се вели во соопштението од УЈП, апелирајќи граѓаните да бидат вниматели и да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци./МИА/