На состанокот на Регионалната канцеларија за соработка на младите што денес се одржа во Белград, на кој присуствуваа министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовичиќ, државниот министер за млади и деца на Република Албанија, Бора Мужаќи, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија, Наумче Мојсовски, како и претставници на владите и младите, разгледани се можностите што земјите од Западен Балкан можат да ги искористат за поддршка на младите, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерот Удовичиќ со своите колеги од Северна Македонијаи Албанија разговараше за досегашната соработка, но и за бројни планови и можности за заедничко дејствување во иднина. На средбите, соговорниците разменија искуства и информации за досега реализираните проекти, како и за можните различни начини на поврзување на младите од регионот во иднина, при што беше заклучено дека улогата на младите е клучна за создавање стабилна и перспективна иднина на регионот.
Една од темите и на едната и на другата средба беше работењето на Регионалната канцеларија за соработка на младите, преку чија работа младите меѓу себе се поврзуваат и директно и успешно соработуваат преку заеднички проекти. Исто така, министерот Удовичиќ, министерката Мужаќи и државниот секретар Мојсовски го истакнаа големото значење за регионална соработка на иницијативата Отворен Балкан, кој е од интерес за трите земји, но и за целиот регион.