ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вархеји: Денеска е важен момент не само за Северна Македонија, туку и за ЕУ

July 19, 2022 12:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е важен момент не само за Северна Македонија, туку е важен момент и за Европската Унија. Оваа политичка меѓувладина конференција е крај на еден долг процес и почеток на нова фаза од пристапните преговори. Може да продолжите да сметате на нашата поддршка, а ние ќе продолжиме да градиме заедничка, просперитетна и безбедна иднина заедно, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски.

Северна Македонија, посочи Вархеји, во изминатите 17 години од добивањето на кандидатскиот статус и 13 години од првата препорака за отворање на пристапните преговори покажа дека е партнер од доверба.

–  Уверен сум дека со одлучноста и решителноста на Северна Македонија ќе можеме да работиме брзо, напорно и ефективно во текот на преговорите. Нашата порака денеска за граѓаните од Северна Македонија е многу јасна. Ве сакаме во ЕУ и тука не постојат сомнежи. Денеска праќаме и моќна порака кон целиот регион, па и надвор од него, изјави Вархеји.

Вархеји, посочи дека ќе направат се да се забрза процесот на преговори и веќе денеска попладне ќе започне скринингот на законодавството на ЕУ, што, како што нагласи е првиот чекор во пристапните преговори.

–  Сакаме да продолжите да комуницирате со сите засегнати страни, со граѓанското општество и сите во Северна Македонија, затоа што ни се потребни во овој процес. Потребни ни се сите во Северна Македонија да работат за земјата и да работат за тоа Северна Македонија да стане земја членка, изјави Вархеји.

Интеграцијата на Северна Македонија, посочи Липавски, беше болна и бараше многу, но како што посочи, решителноста, одлучноста и вистинскиот дух се тие што преовладаа.

Денеска постигнавме една цел во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ, и покажавме едногласна поддршка на ЕУ за европската перспектива за Западен Балкан. Иднината на Западен Балкан лежи во ЕУ и навистина ми е драго што овој историски момент се случува во текот на чешкото претседателство со европскиот Совет, изјави Липавски.

Липавски, исто така, го поздрави целосното усогласување на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ја охрабри да продолжи и натаму да се усогласува.

– Ја поздравуваме решеноста на Северна Македонија да ги спроведува реформите, како и да напредува до самиот крај. Ние ќе ја поддржиме Северна Македонија да стане полноправна членка и да ги исполни условите од пристапниот процес, изјави Липавски.

Со одржувањето на првата меѓувладина конференција за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ се одбележува отворањето на пристапните преговори на ЕИ и Северна Македонија./МИА/

Next Post

Рама му се заблагодари на албанскиот народ за трпението а на европските челници за поддршката

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk