ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ИМА: Нови политички манипулации и дезинформации за македонскиот јазик од Илија Димовски

July 20, 2022 19:54
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Професорот Људмил Спасов го демантира Илија Димовски.

Леринскиот говор не е дел од централното македонско наречје, туку е дел од југоисточните наречја. Леринскиот говор не е дел од стандардизираниот македонски јазик уште од времето на Крсте Мисирков, кој е роден во Ениџе-Вардарско.

Продолжуваат политичките манипулации и дезинформации за македонскиот јазик и по објавувањето на едностраните декларации.

Политичарот Илија Димовски, при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа на 19.07.2002 ја коментираше изјавата на проф. Људмил Спасов, објавена во Дојче Веле (Професор Људмил Спасов: Нема откажување од дијалектите, туку дефинирање на стандардизираниот македонски јазик), објави Институтот ИМА.

YouTube player

Новинар на ТВ Алфа: Се појави еве Људмил Спасов, вели, нема откажување од дијалектите, туку дефинирање на стандардизираниот македонски јазик, и тој инстистира дека дијалектите се впрочем, нели, посебна приказна, туку само зборуваме сега за стандардизираниот јазик…

Илија Димовски: …Нека ми прости, професор е, ама се гледа употребната вредност. Не сакам трудот во минатото како професор да му го намалувам, но ова е катастрофа. Значи, он како професор, лингвист, треба да знае дека и леринскиот говор е дел од стандардизираниот македонски…

Новинар: А тој не го спомнува, интересно, во оваа изјава.

Илија Димовски: Е, па, не го спомнува, затоа е политичка неговата изјава. Еве, се да е точно што кажува, не може, нема да најде толкување, како тоа леринскиот говор, којшто е дел од централното македонско наречје, е надвор од границите на Република Македонија, а во изјавата денеска се ограничува на Република Македонија.“

Институтот ИМА го контактираше проф. Људмил Спасов, со две прашања:

Институтот ИМА: Дали леринскиот говор е дел од централното македонско наречје, како што тврди Илија Димовски?

Људмил Спасов: Не, туку е дел од југоисточните наречја.

Во книгата ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК 1  (приредена од академик Марјан Марковиќ) „Леринскиот говор“ е сместен во поглавјето „Јужни говори“ како дел од „Говорите во Костурско“. Во поглавјето „Централните говори“ се обработени „Прилепско битолските говори“, „Кичевско-поречки говори“, и „Скопско-велешки говори“.

Институтот ИМА: Дали леринскиот говор е дел од стандардизираниот македонски јазик, како што тврди Илија Димовски?

Људмил Спасов: Не е, уште од времето на Крсте Мисирков, кој е роден во Ениџе-Вардарско.

Професорот Људмил Спасов не упати на Крсте Мисирков и неговата книга „За македонцките работи (Неколку зборои за македонцкиiот литературен iазик). Уште Крсте Мисирков во 1903 го прогласува „Прилепцко-Битол’цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа“. Како што пишува Мисирков: „Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик… Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол’а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн’ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишча сет от по големо историiцко значеiн’е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол’цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг – Костурцкиiот (ронка), на исток – источниiот или Солунцкиiот (ргка) и на север – Скопцкиiот или северниiот (рука)“.

За жал, продолжуваат манипулациите и дезинформациите за македонскиот јазик од страна на политичари и медиуми, кои започнаа уште со објавувањето на првата верзија од т.н. „француски предлог“.

Next Post

СЗО: На милиони мигранти им е оневозможена здравствена заштита

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk