ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога успехот не смее да биде успех

July 20, 2022 14:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИКИЦА КОРУБИН

Жртвата не смее да биде среќна. А, „жртвата“ е Северна Македонија, и тоа е наративот, последните месеци, чија кулминација доаѓа со разрешницата. Па, зависно од исходот на разрешницата, или „жртвата“ ќе се избори храбро против “вековната неправда” или доколку не се избори, тогаш тоа ќе биде „трагедија“, како продолжеток на добро разработениот мит: „не по цена на идентитетот“. И бидејќи „идентитетот“ не победи, „жртвата“ не смее да биде среќна.

Не смее да биде среќна на огромниот успех, согласно опструкциите, бруталните манипулации и капацитетот кој доследно со години се рушеше. Не смее да биде среќна на историскиот ден, како совршен апсурд на сите кои жестоко на истата историја се повикуваат. Никако да се разбере дека историјата не е конструкција на мит по потреба, туку сопствена борба на една генерација. Дека секој создава своја историја, согласно околностите, контекстот и можностите. Дека идентитетот има различни појавности и дека тој е прашање на разбирање, однос и почит. Ама, пред се знаење и свест. Знаење на историјата како културолошки феномен и свест за самиот себе во тој широк сооднос.

И затоа, против сите веројатности, системска блокада, медиумска хистерија, грижливо негување на поданички менталитет, супериорност на инфериорноста и обид за реално и симболично уништување на секоја шанса: денешниот ден е успех. И овој успех повеќе наликува на античкиот агон, отколку било која лажна митологизација. И слободно може да се израдувате без наметната грижа на совеста и „моралниот суд“ на „подобно однесување“. Средината која е наменски создадена да ве суди, ќе ве осуди секако. „Линчот“ како прифатлива замена на „недостижна правда“ чиј изблик го гледаме деновиве, за различни поводи, е само знак дека овој ден дошол во последниот момент.

Денот на нашиот успех, затоа што да, можеме да бидеме успешни и свои. Автентично среќни. Поради нас самите и сите пријатели и партнери кои ни помогнаа. Поради секој еден од нас, кој не се откажа, ниту од вербата, а ниту од намерата да биде дел од европскиот и цивилизиран свет. И овој пат е наш, како никој друг. Модерна дефиниција за идентитетот. Затоа што среќата на денешниот ден е судбината која требаше да ја добиеме. Тихе на нашето време. Но судбината е сепак прашање на влог. Од нас зависи каков придонес ќе дадеме, таква среќа ќе имаме. За денес, доволна е среќата на оваа историја што ја создаваме.


Текстот е личен став на Авторката.

Next Post

МВР: Кривична пријава против три лица од Тетово, оштетиле сограѓанин со злоупотреба на негова сметка во банка

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk