ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Рамос од спасувачкиот тим ОФКАТ: Потрагата по Мартин нема да запреме сè додека не го најдеме

July 21, 2022 17:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Потрагата по Мартин, кој на 9 јули исчезна во морето кај Посиди на првиот крак на Халкидики, продолжува и денеска, спасувачите волонтери не запираат со потрагата, а претседателот на грчкиот волонтерски спасувачки тим ОФКАТ, Христос Рамос во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека нема да запрат сè додека не го најдат исчезнатиот.

Членовите на ОФКАТ од прв момент се на терен, секојдневно веќе 13-ти ден пребаруваат во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше Крајбрежната служба на Грција.

– Секако дека и денеска продолжува потрагата и нема да заврши сè додека не го најдеме Мартин. Оваа изјава ја дадов уште од самиот почеток и е ветување што му го дадов на семејството на Мартин, истакна Рамос за МИА.

Од ОФКАТ, на нивниот официјален Фејсбук профил вчера објавија фотографија од  црни шорцеви, најдени во близина на Катерини, слични на оние на Мартин. Фотографијата им ја испратил граѓанин, кој, за жал, не ги задржал шорцевите.

– Не успеавме да го најдеме костимот за капење. За жал човекот кој го фотографирал не го земал. Ние бевме на местото каде што ни кажа човекот, заедно со хотелот го пребаравме целиот дел, во трските, ѓубрето, но не го најдовме, рече Рамос.

Претседателот на ОФКАТ, за МИА објасни дека со оглед на тоа што шорцевите биле во близина на Катерини, потрагата се префрли во конкретниот дел, односно вчера биле во делот на Макријалос, Метони, Аликес од страната на Катерини, а денеска ќе пребаруваат од спротивната страна, односно во Солунскиот Залив во делот на Епамони, Каликратија, Созополи, Ираклија…

Во потрагата по Мартин помагаат и лица од Северна Македонија, со дрон и спасувачи кои пребаруваат на друга локација.

Во попладневните часови на 9 јули започна спасувачка акција кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.

Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен истиот ден по поминати околу два часа во вода, додека пак ден подоцна, по околу 20 часа во морето, беше пронајден и 30-годишниот Иван, додека пак потрагата по третиот пријател, Мартин, продолжува веќе 13 дена.

Иако вообичаена пракса на грчката Крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена по исчезнувањето, овој рок беше продолжен по официјалното барање од македонска страна и телефонскиот разговор меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји Бујар Османи и Никос Дедниас.

Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток, а акцијата продолжи и продолжува од волонтерски спасувачки тимови.

Next Post

Украинската волонтерка Цибух: Ми треба да се наспијам, Нетфликс и брза храна

Shortcut

Најново

Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026
Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk