ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Објавен Конкурсот за национален претставник на Биеналето на архитектурата во Венеција во 2023 година

July 25, 2022 10:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура денеска го објави Конкурсот за учество на земјава на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на Венециското биенале.

Конкурсот трае од денеска до 22 септември 2022 година. Конкурсот е објавен во медиумите и на веб-страницата Министерството на култура, заедно со пријавата.

Право на учество на Конкурсот имаат правни лица кои аплицираат со проекти во една од следниве категории: самостојна изложба/проект на архитект; изложба/проект на група архитекти. Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата/архитектурата.

Како што соопштија од Министерството за култура, селекцијата на проектите ќе се врши во согласност со исполнетите приоритети и услови и оценките од евалуацијата на квалитетот на проектите.

Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 20 мај до 26 ноември 2023 година, на темата „Лабораторија на иднината“ зададена од кураторката на изложбата, Лесли Локо.

– Архитектите имаат единствена можност да создадат амбициозни и креативни идеи кои ни помагаат да замислиме заедничка, поправедна и оптимистичка иднина, вели архитектката и новелистка Лесли Локо, се наведува во соопштението.

Темата ги провоцира архитектите да замислат дека Венециското биенале е само по себе еден вид лабораторија на иднината, време и простор во кој се поставуваат прашања за релевантноста на дисциплината за овој свет и за светот што доаѓа. Денес зборот „лабораторија“ е општо поврзан со научното експериментирање и евоцира слики од одреден тип соба или зграда. Лесли, исто така, демонстрира решителност и храброст во користењето на два злоупотребени, но незаменливи зборови во нејзиниот наслов – лабораторија и иднина – за да ја врати целосната важност на нивното значење./МИА/

Next Post

(ВИДЕО) Зеленски: Денот на Украинската Државност на 28 јули ќе ја потврди поврзаноста на многу генерации наш народ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk