Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи на КОВИД-19. Во Скопје – 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Свети Николе , Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции.
Регистрирани сe 616 оздравени пациенти од: Скопје – 300, Битола – 48, Кавадарци – 37, Куманово – 32, Прилеп и Велес – по 30, Тетово и Кичево – по 18, Свети Николе – 12, Струмица и Штип – по 11, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 9, Неготино – 8, Гостивар и Ресен – по 7, Охрид, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Струга, Берово, Пробиштип ,Богданци, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71г) и Струга (91г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.100 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–128, Жан Митрев (Филип Втори)-23, Авицена-100, Биотек-122, Систина-49, лабораторија Лаор-19, Синлаб-22, Ремедика-8, Плодност-21, Генеа-8, Никоб Лаб-86, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 873.
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644