Во индискиот град Ченај почна 44. Олимпијада на која настапуваат 186 репрезентации во машка и 160 во женска конкуренција, а меѓу учесниците се и соодветните македонски селекции.
Во воведното коло, македонските шахисти и шахистки забележаа убедливи победи без загубен поен.
Во машка конкуренција, Северна Македонија триумфираше над Бермуда со 4-0, а со идентичен резултат шахистките беа поуспешни во дуелот со Габон.
Женската репрезентација, предводена од селекторот Љубиша Андоновски, е во состав: Моника Стојковска (2.086 рејтинг поени) Ивана Манова (1.853), Драгана Николовска (1.904), Леа Ефтовска (1.610) и Моника Жежовска (1.611).
Машката репрезентација ја предовдат Звонко Станојоски ВМ (2407), Емил Ристески ФМ (2.391), Тони Лазов ИМ (2.377), Никола Николовски ИМ (2.372) и Андреј Вељаноски – (2.200).
Поради руската инвазија врз Украина, на репрезентациите на Русија и Белорусија им е забранет настапот на Олимпијадата, а Кинезите во знак на поддршка на Русија не ги испратија своите шахисти и шахистки, кои ги бранат титулите од последната Олимпијада во 2018 година./МИА/