Првите рецензии за новата серија на „Ејч-би-о“, „Куќа на змејот“ (House of the Dragon), претпродолжението на „Игра на престоли“ (Game of Thrones), се во тек, па некои критичари тврдат дури и дека е „подобар од ‘Игра на престоли’ и од ‘На лош пат’ (Breaking Bad)“.
Премиерата на серијата е закажана за 21 август, а дејството се одвива во ерата кога семејството Таргариен владеат со Вестерос. Улогите на предците на Денерис Таргариен – принцезата Ренира и принцот Дејмон Таргариен, ќе ги глумат Ема Д’Арси и Мет Смит. Ликот на немилосрдниот лорд Корлис Веларион ќе го игра Стив Тусен, а Алисент Хајтауер – британската глумица Оливија Кук.
„Пилот-епизодата на ‘Куќа на змејот’ многу делотворно го објаснува својот контекст во однос на ‘Игра на престоли’… Ги воведува клучните ликови и го прикажува средишниот конфликт на серијата. Лесна за следење премиера со живи бои и подробна текстура. Апсолутно достоен наследник досега“, напиша на Твитер критичарот на списанието „Реп“ (Wrap), Брендон Кац.
И Кет Комбс, во голем дел, се согласува со тоа.
– Не знаев колку пропуштив од темата за „Игра на престоли“, сѐ додека вечерва не ја погледнав премиерата на „Куќа на змејот“! Првата епизода е фантастична! Едвај чекам да видам што е следно. Сега „стискам палци“ последната сезона на „Игра на престоли“ да не се повтори, рече критичарката.
Филмскиот стручњак на „Колајдер“ (Collider), Кристина Радиш вели дека за љубителите на приказната, за истакнување е тоа што таа сè уште се е епски голема, иако се раскажува лична и интимна приказна за едно семејство, сосе сета љубов и дисфункција. Нејзиниот главен уредник со нетрпение го очекува остатокот од приказната.
„Не ми се допадна последната сезона на ‘Игра на престоли’. Воопшто не! Но, ќе признаам дека првата епизода на ‘Куќа на змејот’ е навистина добро направена и дефинитивно ќе продолжам да ја гледам. Откако заврши епизодата, покажаа и продолжен преглед на сезоната и, сѐ тоа изгледа одлично“, напиша на Твитер уредникот на „Колајдер“, Стивен Вејнтрауб.